Артистка потопила фустан во Мртво Море и по 2 месеца резултатот бил неверојатен!

Артистка потопила фустан во Мртво Море и по 2 месеца резултатот бил неверојатен!

Мртво Море е познато како едно од најсолените места на Земјата со најниска надморска височина, па затоа не е ни чудно што редовно е домаќин на голем број туристи.

Артист потопил фустан во Мртво Море и по 2 месеца резултатот бил неверојатен!

Во 2014 година, цели два месеца, ова езеро било домаќин и на еден фустан потопен во неговите води од страна на израелската артистка Сигалит Ландау.

Артист потопил фустан во Мртво Море и по 2 месеца резултатот бил неверојатен!

Фустанот влегол во езерото целосно црн, но за два месеца магично се трансформирал во фустан од бајките, целиот покриен со бела кристализирана сол.

Артист потопил фустан во Мртво Море и по 2 месеца резултатот бил неверојатен!

Ландау соработувала со фотографот Јотам Фром за да ја овековечи трансформацијата на фустанот преку неверојатни фотографии. Фотографиите се моментално изложени во галеријата „Marlborough Contemporary“ во Лондон под името „Солена невеста“.

artist-potopil-fustan-vo-mrtvo-more-i-po-2-meseca-rezultatot-bil-neverojaten-kafepauza.mk

На Ландау не ѝ е прв пат да го искористи Мртвото Море за уметнички цели. Имено, таа досега има „посолено“ чевли, знамиња, па дури и виолина.

artist-potopil-fustan-vo-mrtvo-more-i-po-2-meseca-rezultatot-bil-neverojaten-kafepauza.mk

Според галеријата, овој проект бил инспириран од „Дибукот“, претстава напишана на јидиш помеѓу 1913 и 1916 година во која се работи за млада невеста опседната од зол дух, поради што врз неа бил извршен егзорцизам.

Артист потопил фустан во Мртво Море и по 2 месеца резултатот бил неверојатен!

Фустанот, кој бил креиран според традиционалниот фустан на ликот на невестата, се претворил во нешто сосема различно. Претставник од лондонската галерија објаснил дека со текот на времето, алхемијата на Мртвото Море го претворила обичното парче облека од симбол кој асоцира на смрт и лудило во прекрасен невестински фустан.

artist-potopil-fustan-vo-mrtvo-more-i-po-2-meseca-rezultatot-bil-neverojaten-kafepauza.mk

Овие фотографии се доказ дека се работи за навистина неверојатна трансформација која се случила благодарение на досетливоста и креативноста на оваа талентиран артистка.

artist-potopil-fustan-vo-mrtvo-more-i-po-2-meseca-rezultatot-bil-neverojaten-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар