Артист црта паметни и сатирични слики коишто предизвикуваат контроверзија
Гундуз Агајев е брилијантен уметник од Азербејџан кој не се плаши да го сврти вниманието кон некои од најголемите проблеми во светот. На неговите цртежи се прикажани модерни проблеми, како на пример зависноста од социјалните мрежи или нездравото впивање на информациите од телевизија.
Неговите интереси се многубројни и тој може да ги забележи проблемите во многу разни делови од општеството, како на пример религиската индоктринација уште на многу рана возраст. Тој исто така ги нагласува политичките конфликти ширум светот и според коментарите на неговите дела, на некои им се допаѓаат, но на некои не.
Гундуз учел на Државната академија за уметници во Азербејџан од 1998-ма до 2002-ра година, а неговата прва изложба ја одржал во 2004-та година. Имал изложби и надвор од државата, како на пример во Русија, Турција и Туркменистан. Како протест поради неправдата во неговата држава, тој почнал да црта и бил соочен со силен притисок. Поради ова, во 2014-та година ја напуштил Азербејџан.
1. Алчност
2. Чувајте ги децата безбедни онлајн
3. Жена протестира против задолжителното носење на хиџаб во Иран
4. Не ми се допаѓа
5. Телевизија
Продолжува на следната страница…