Артист црта фацички на празни лименки најдени на улица
Кога уличниот уметник My Dog Sighs ќе пронајде фрлена празна лименка на улица, тој ја користи ситуацијата за да ја претвори во вистинско уметничко дело. Артистот црта фацички на разни видови смачкани конзерви, давајќи им карактер и личност. Тој за себе вели дека магнетски го привлекуваат необични работи и обожава да допре со срцето на луѓето кои се фасцинираат од неговата уникатна работа.
За да ги создаде портретите на смачканите конзерви, Дог прво го мачка дното на конзервата со сива боја, која служи како боја на кожа. Потоа ги црта среќните, тажни или намуртени фацијални експресии и притоа му дава нова свежина на она што некогаш било отпад. Кога ќе го заврши уметничкото дело, ја остава лименката истакната на некое пешачко шеталиште, со цел некој да ја здогледа и да си ја однесе дома.
Овој проект претставува ретка форма на уметност, а воедно и инвентивен начин за рециклирање на отпадот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
hahaha super se 😀