Армија од среќни мачки

Армија од среќни мачки

Автор: Александра Чакаровска

„Армија од среќни мачки“ или „Глобална потрага по среќа“ е инсталација дизајнирана од германскиот уметник Борис Петровски. Составена од 520 „maneki neko“ јапонски мачки, инсталацијата ги предизвикала посетителите на оваа исклучително креативна и несекојдневна изложба. Фигурите „maneki neko“ се познати во земјите од Азија, каде се верува дека им носат среќа и благосостојба на оние што ги поседуваат. Најмногу ги купуваат туристите, како препознатлив сувенир од некоја азиска земја. Секоја мачка во својата десна рака држи паричка или некој друг предмет, а со левата мавта.Армија од среќни мачкиАрмија од среќни мачкиОвие 520 среќни пластични мачки се наредени во 40 редови и 13 колони, формирајќи еден вид матрикс екран, каде секоја мачка претставува еден пиксел на екранот. Со помош на посебна машина, на мачките им се контролира движењето на рацете. Интересно е тоа што самите посетители се охрабрени да земат учество. Тие можат да внесат текст (својата желба) долг до 40 карактери, кој потоа го прикажуваат мачките дигајќи ја едната рака. Буквите се со различна боја, и од тоа зависи кога и која мачка ќе ја подигне својата рака.Армија од среќни мачкиАрмија од среќни мачкиАрмија од среќни мачки



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар