Апартман од 32 квадратни метри со 24 соби

Апартман од 32 квадратни метри со 24 соби

Младиот архитект Гери Ченг живее во Хонг Конг, еден од најгусто населените градови во светот. Токму поради овој проблем, многу фамилии се приморани да живеат во мал простор. Таков бил случајот и со Ченг, кој заедно со своите родителите и трите помали сестри живееле во овој стан од 32 квадратни метри. Откако тој завршил факултет и се вработил, решил да си го откупи станот за себе.Апартман од 32 квадратни метри со 24 собиОткако го откупил малиот апартман за 45.000 американски долари, решил во него да ја искористи секоја педа, па го направил овој неверојатен подвиг. Сите ѕидови и мебелот во станот се поместуваат, благодарение на техника на лизгање, при што може да се добие спална соба, кујна, бања, гостинска соба, дневна соба, па дури и домашно кино. Вкупно можат да се направат дури 24 различни комбинации.Апартман од 32 квадратни метри со 24 собиПроектот кој Гери го нарекол „Home Transformer“ изгледа фантастично, но сепак има и свој недостаток. За неговото создавање тој потрошил повеќе од една година, а преуредувањето на апартманот го чинело 218.000 американски долари.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Михаела Јовановска Reply

    oткако завршил факултет и се вработил, решил да го откупи станот за себе, па дури и да го преуреди по негов вкус, што го коштало многу повеќе од цената на станот….. а тука, у нашава Македонија цел живот да штедиш, нема да можеш едно куќиче малечко да си купиш за себе…. за греота сме

Остави коментар