Англиска архитектка претворила напуштен јавен тоалет во фантастичен дом за каков што сите сонуваме
„Морав сама да го сработам поголемиот дел од физичката работа. Местото беше навистина застрашувачки грозно и работата беше тешка, па имав проблем да задржам работници на проектот“, додава таа.
Конечно, после неколку месеци напорна работа и вложени 65.000 американски долари, проектот бил завршен. Тоа што некогаш било познато како напуштен јавен тоалет, денес е стилски еднособен апартман, исполнет со светлина и бои.
Бисерот на ова архитектонско ремек-дело е спалната соба, обоена во црвено-златен тон, прекрасен кревет со завеса и големо огледало. Освен гламурозната спална соба, овој современ дом има сè останато што некој може да го посака: дневна просторија со убави полици коишто се протегаат низ целиот ѕид, кујна со сите неопходни елементи, фантастичен тоалет со када, па дури и малечка градина.
Овој апартман е само уште еден одличен пример за тоа како едно грдо, грозно место може да добие втор живот, со помош на рацете на талентирани и иновативни артисти. Навистина е тешко да се замисли и претпостави непријатното минато на оваа градба, кога ќе ја видите сета нејзина убавина денес!
Посветеноста, оптимизмот, упорноста, искуството и талентот на Лора, ја овозможиле оваа неверојатна трансформација.
Лора Кларк поставила одличен пример за човек, којшто има амбициозни планови. Па, дури и ако вашата цел изгледа неостварливо и вашите идеи се неподдржани од вашите најблиски, тоа никако не е знак дека треба да се откажете од вашите планови и цели. Главата горе и продолжете да тежнеете кон остварување на вашите цели, трудете се, работете, не се откажувајте кога ќе стане тешко и на крајот, ќе ја добиете наградата којашто ја заслужувате!
Погледнете ги и овие неверојатни неофутуристички градби на Заха Хадид, најпознатата жена во светот на архитектурата.