Алкохолот под микроскоп
Кога ќе го ставите под микроскоп, алкохолниот пијалак кој најчесто е во вашата чаша изгледа многу пошарено од она што се гледа со голо око, а тоа најдобро го потврдуваат овие фотографии.

Црвено вино
Кога пред повеќе од дваесет години, научникот Мајкл Дејвидсон забележал колку убаво изгледаат ваквите слики, решил од тоа да направи бизнис. Во тоа успеал благодарение на соработката со компанијата BevShots, а резултатот е токму оваа серија фотографии. Тие служат како идеи за дизајн на шишиња, подметачи, вратоврски, платна и прекривачи.

Виски
Фотографиите се направени така што алкохолот се остава да кристализира на мала пластична лента, а потоа таа се става под микроскоп со поларизирана светлина. Кога светлината поминува низ кристалите се создаваат овие прекрасни бои. Тогаш веќе е лесно да се фотографира прекрасната глетка.

Вотка

Вотка-Тоник

Текила

Шампањ

Саке

Космополитен-Мартини

Пина колада

Германско светло пиво
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.