9 грешки што треба да ги избегнувате кога го реновирате домот

9 грешки што треба да ги избегнувате кога го реновирате домот

Кога луѓето планираат реновирање или купуваат нешто ново за дома, тие честопати гледаат убави слики на Интернет и во списанија. Но, ретко ги читаат коментарите на луѓе кои веќе испробале одредени идеи за уредување на ентериерот. Во продолжение прочитајте кои трендови во уредувањето на ентериерот може да се претворат во ноќна мора.

Кујнски мебел без рачки на вратите

9 грешки што треба да ги избегнувате кога го реновирате домот

Кујнскиот ормар без обични рачки, што се отвора со притискање на површината, изгледа навистина модерно. Но, сите површини ќе бидат покриени со отпечатоци од прсти и системот за отворање не е секогаш толку практичен.

Ќе ви треба многу време за да се навикнете на системот за отворање затоа што секогаш сте ги отворале вратите со влечење. Исто така, може случајно да ги допрете вратите со колената, со колковите или со други делови од телото. Освен тоа, овој систем на отворање чини многу пари.

Кујнски ѕид со многу шевови

9 грешки што треба да ги избегнувате кога го реновирате домот

Современиот свет нуди многу различни материјали за ѕидовите во кујната. Но, запомнете: колку се помали елементите, толку потешко ќе ви биде да ги исчистите мрснотиите, особено од шевовите.

Комплексни лустери во кујната

9 грешки што треба да ги избегнувате кога го реновирате домот

Многу луѓе сè уште мислат дека големите лустери со многу украсни елементи се соодветни за во кујната. Во реалноста, прилично е тешко да се измијат сите мали делови на лустерот, а мрснотијата, заедно со прашината, дефинитивно ќе се залепи на лустерот.

Лустери со елементи во форма на чаши

9 грешки што треба да ги избегнувате кога го реновирате домот

Можеби овие лустери изгледаат убаво, но дефинитивно не се практични. Внатре ќе има многу прашина, па ако одлучите да набавите ваков лустер, подгответе се да го миете редовно.

Рачки на вратите со остри рабови

9 грешки што треба да ги избегнувате кога го реновирате домот

Постојат многу различни форми на рачки, но понекогаш не сфаќате дека некои од нив се опасни сè додека не биде предоцна. Ова е особено точно за рачките со остри рабови затоа што може да се заглавувате на нив со облеката цело време, па дури и да ја скинете.

Светли бои во кујната

9 грешки што треба да ги избегнувате кога го реновирате домот

Долго време, луѓето купуваа кујнски елементи во светли бои. Можеби изгледаат убаво на почетокот, но потоа се навикнувате на овие бои и дури може да почнат да ве иритираат. Светлите бои треба да ги користите само како акцент или да потенцирате нешто.

Горни кујнски елементи со пневматски врати

9 грешки што треба да ги избегнувате кога го реновирате домот

Кујнските елементи со пневматски врати се модерни и пратични, но не и ако во куќата живеат ниски луѓе. Откако ќе се отвори вратата, или треба да скокнете за да ја затворите или да се качите на столче.

Исто така, понекогаш полиците се премногу блиску до таванот, па вратите можеби нема да се отвораат целосно и нема многу да ги користите тие полици.

Стаклен мијалник во форма на чаша

9 грешки што треба да ги избегнувате кога го реновирате домот

Овие мијалници изгледаат неверојатно на фотографиите. Но, во реалниот живот, тие се навистина непрактични. Како прво, не можат да соберат многу вода, така што секогаш мора да внимавате водата да не се истури или да не се излее од мијалникот. Исто така, по секоја употреба, најверојатно ќе има забележливи дамки од вода на мијалникот, а тоа значи дека ќе мора да го миете секој ден.

Светла на горниот дел од кујнскиот мебел

9 грешки што треба да ги избегнувате кога го реновирате домот

Овие светла изгледаат добро, но воопшто не се функционални. Тие ја осветлуваат вашата глава, но не и вашата работна површина. Подобро е да ставите светла веднаш под шкафчињата.

Погледнете кои се најпопуларните бои во уредувањето на домот на Инстаграм.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар