87-годишна баба користи Пејнт на неверојатен начин
Некои баби сакаат да поминуваат време во својата градина. Други пак, сакаат да плетат. Но 87-годишната Конча Гарсија Заера има хоби кое е невообичаено помеѓу нејзините пријатели. Таа црта, но ја користи алатката Пејнт на Мајкрософт. Таа ја открила програмата откако нејзините деца ѝ подариле компјутер и уште веднаш почнала да ја користи.
„Мојот сопруг се разболе и требаше да се грижам за него, па не можев често да излегувам. Почнав да цртам мали нешта – куќа, па планина и чекор по чекор додавав детали, а крајниот резултат беше нешто убаво.“
„Речиси и да немам имагинација, па црпев инспирација од разгледниците кои ми ги испраќаше сопругот или од цртежи коишто ми се допаѓаа.“
На Конча ѝ се потребни околу 2 недели за еден цртеж и таа навистина се фокусира на деталите.
На почетокот ги објавувала своите дела на Фејсбук, но една од нејзините внуки ѝ предложила да направи профил на Инстаграм. На 9-ти март имала околу 300 следбеници. Денес ја следат повеќе од 100.000 луѓе.
„Не разбирам зошто моите цртежи привлекуваат толку внимание. Мислам дека се навистина едноставни.“
Преминете на следната страница за повеќе од нејзините неверојатни ремек-дела…