8 предмети кои можете да ги изработите за помалку од една минута
За уредување на домот, не се секогаш потребни многу пари. Со евтини материјали и малку креативност, можете да изработите кул предмети кои можат да имаат специфична функција и интересен дизајн.
Во видеото во продолжение, Пјер Лота презентира 8 проекти кои можат да се направат за помалку од една минута, а за нивната изработка се користат рециклирани предмети. Идеите се одлични: вазна од шише и обична бела хартија, кафе-масичка од дрвена плоча и стаклени шишиња, картонска ламба…
Имате ли вие направено нешто вакво?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Значи јас сум најнекреативната и најнеиновативна личност што постои. Да ме оставите 3 месеци на пуст остров и да неам што да правам, никогаш нема да ми текне да направам нешто корисно. Ќе си останам таму.
Да ти кажам дека имаме слична карактеристика. Не дека ме мрзи туку едноставно не ми доаѓа идејата кога ми е потребна.
Ѕвер! 🙂 Сега разбирам што е креативност!
е ова се ситниците кои те прават посреќен.. не ти требаат милиони да направиш таква масичка шо ке те исполнува секој пат кога ке ја видиш,.. ти треба само малку да “леташ со умот”….
Некои ми се свиѓаат а некои не инаку има интересни идеи браво за креативноста..