7 решенија за вашите проблеми поврзани со малата кујна

7 решенија за вашите проблеми поврзани со малата кујна

Малата кујна не е ничиј пријател. Но, исто како и темните кругови под очите, лудите пријатели или вашата неспособност да држите камера мирно, понекогаш едноставно треба да научите како да се справите со ситуацијата и да го извлечете најдоброто од неа. Погледнете ги следниве 7 кујнски проблеми кои произлегуваат од недостатокот на простор и начинот на кој можете да се справите со нив.

1. На отворено

(1) 7 решенија за вашите проблеми поврзани со малата кујна

И покрај тоа што идејата за откривање на полиците може да ви звучи растурено и без ред, отстранувањето на тешките врати од кујнските кабинети можат всушност да предизвикаат просторијата да изгледа многу поотворена. Дури и заменувањето на традиционалните врати од кабинетите со стаклени верзии можат да предизвикаат вашата кујна да изгледа попространа.

2. Правило на слоевите

(2) 7 решенија за вашите проблеми поврзани со малата кујна

Размислете, зарем има подобар начин да се справите со недостаток на простор од слоевите? Бидејќи имате ограничен простор за кујнските кабинети, вие треба ги редите нештата нагоре наместо кон надвор.

3. Закачете ги вашите тенџериња и тави

(3) 7 решенија за вашите проблеми поврзани со малата кујна

Никогаш повторно не се борете со тенџерињата кога ги извлекувате од фиока (каде што нивните рачки постојано се заглавуваат). Едноставно закачете ги на дофат и не само што ќе заштедите простор, туку ќе заштедите и време додека готвите.

4. Непостоечки фиоки

(4) 7-reshenija-za-vashite-problemi-povrzani-so-malata-kujna-www.kafepauza.mk

Еден од најголемите проблеми со малата кујна е недостатокот на простор за фиоки. Каде на друго место би можеле да го чувате вашиот кујнски прибор? Постојат таканаречени подвижни фиоки кои можат да ви овозможат одлично решение за овој проблем. Длабоките полици можат да ви послужат како дополнително место за секаков вид кујнски прибор, како и да ви овозможат дополнително работно место.

5. Додајте силна боја

(5) 7 решенија за вашите проблеми поврзани со малата кујна

Силните бои го влечат погледот кон нив, одвлекувајќи ви го вниманието од тесните рабови. Одберете една доминантна боја, а сè останато нека биде неутрално.

6. Вертикални полици

(6) 7 решенија за вашите проблеми поврзани со малата кујна

Секоја кујна има тајна (колачињата не се домашни, пилешкото паднало на подот…), како и простор на ѕидот кој е едноставно неискористен. Доколку имате празен ѕид на крајот од кујната, или пак имате неискористено место помеѓу прозорецот и таванот, можете слободно да додадете полици кои без сомнение ќе ви бидат од голема помош.

7. Намалете ги нештата

(7) 7 решенија за вашите проблеми поврзани со малата кујна

Големите тркалезни кваки и широките кујнски апарати можат само да ја згушат кујната. Секогаш одбирајте тенки апарати, со цел да си овозможите што повеќе место за работа кој ќе ви даде илузија дека всушност го имате просторот кој очајно ви е потребен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар