7 неверојатни училишта ширум светот, кои прават целиот ден да изгледа како одмор и уживање

7 неверојатни училишта ширум светот, кои прават целиот ден да изгледа како одмор и уживање

Училиштата се места каде што учениците поминуваат поголем дел од денот, а со тоа во голема мера влијаат на растот и развојот на едно дете. Ширум светот може да се најдат многу прекрасни училишта, кои се издвојуваат од другите по нивниот уникатен дизајн и услови кои ги нудат. Сигурно секому би му претставувало задоволство да оди во училиште каде што ќе може да ужива во необично создадената атмосфера и услови за учење. Во продолжение ви прикажуваме листа од 7 училишта ширум светот кои ќе ве зачудат со нивната уникатност.

1. Стар авион претворен во училиште за деца од предучилишна возраст

7 неверојатни училишта ширум светот, кои прават целиот ден да изгледа како одмор и уживање

Креативноста во ова приватно училиште во Рустави, Грузија, „лета“ со огромна брзина. Директорот го однел овој авион во неговото училиште во 2012 година и го претворил во елегантна училница за дваесетте деца кои учат таму. Неговата идеја била дека со ова децата би можеле да се охрабруваат повеќе да ја развиваат нивната љубопитност, нешто што сега тие редовно го прават, благодарение на оние 1.500 копчиња кои сѐ уште функционираат во авионот. Дополнителна корист е тоа што тие може да ги одржуваат часовите на столиците и масите покрај прозорците на авионот.

2. Училиште за предучилишна возраст кое нуди скокање во бари вода после секоја бура

7 неверојатни училишта ширум светот, кои прават целиот ден да изгледа како одмор и уживање

Кога се мали, децата многу сакаат да скокаат во барички вода. Затоа, во Јапонија било дизајнирано специјално училиште за деца од предучилишна возраст кое собира дождовница, така што учениците може да се забавуваат откако ќе помине бурата. Кога е суво, теренот делува како игралиште за бадминтон, додека е дождливо е во улога на базен за скокање, додека пак во студените денови служи како лизгалиште. Кое дете не би сакало да биде дел од ова?

3. Бамбус училиште кое е лоцирано во средина на џунглата

7 неверојатни училишта ширум светот, кои прават целиот ден да изгледа како одмор и уживање

Зеленото училиште во Бали се наоѓа во природа, изградено е од природни материјали и е отворено, така што ги охрабрува учениците да учат според нивните природни импулси. Тоа има две градби, кои се одделени со река и се поврзани со мост од бамбус. Работи на соларна енергија и обновливи извори на енергија и има органска градина која ја одгледуваат учениците, простори за учење, а дури и место за престојување на вработените. Освен тоа, премногу е убаво и за гледање.

4. Отворен концепт на средно училиште, на кое не му се потребни училници

7 неверојатни училишта ширум светот, кои прават целиот ден да изгледа како одмор и уживање

Нема училници? Тоа не е проблем за Ørestad Gymnasium, средно училиште во Данска. Наместо да бидат помеѓу четири ѕида, учениците учат во една од четирите зони наменети за учење. Дизајнот на ова училиште ги охрабрува да преземаат одговорност за своето учење, каде што учителите се вклучени во само 50% од училишниот ден, додека пак останатиот дел од времето учениците учат самите и се сместуваат каде што сакаат во склоп на зградата. Ова училиште е препознатливо и по тоа што е целосно дигитализирано. Тука единствени материјали за учење се компјутерите и таблетите со Гугл апликации.

5. Училиште кое „лебди“ и е дизајнирано од дете

7 неверојатни училишта ширум светот, кои прават целиот ден да изгледа како одмор и уживање

Ако нешто можеш да сонуваш, тоа може и да го оствариш, зар не? Тоа им било кажано на децата во Тајланд кога од нив било побарано да го нацртаат училиштето од нивните соништа. Еден од нив нацртал брод кој лета, кој еден јапонски архитект го претворил во дизајн на ова училиште наменето за деца без родители. Воздух, челик, трева и бамбус ја сочинуваат структурата на оваа област за учење.

6. Стар контејнер кој станал училиште полно со можности

7 неверојатни училишта ширум светот, кои прават целиот ден да изгледа како одмор и уживање

Оваа училница сместена во Кејптаун, јужна Африка е неверојатно добра како и што звучи и изгледа. Контејнерот бил пренаменет во училиште за сиромашни деца кои сега учат во оваа училница. Надвор, тие имаат област за играње во стил на амфитеатар и вертикална градина.

7. Училница за предучилишна возраст која се наоѓа на отворено и има големо игралиште

7 неверојатни училишта ширум светот, кои прават целиот ден да изгледа како одмор и уживање

Ова кружно училиште кое се наоѓа надвор од Токио има две нивоа поврзани со ниски скали, лизгалиште, а дури и дрво каде што децата може да се качуваат. Не постојат ѕидови, при што е овозможено слушање на природните звуци, а децата се охрабрувани да го преуредат мебелот еднаш месечно. Архитектот велел дека ова училиште е дизајнирано така што на децата ќе им се овозможи да бидат деца, а и ќе се охрабрат да ги слушаат нивните инстинкти.

Доколку ви се допаднаа овие уникатни креации, погледнете ги и овие 15 навистина необични училишта кои постојат ширум светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар