6 одлични идеи како да го уредите изнајмениот стан
Дали живеете во изнајмен стан и ви треба промена? Повеќето станари се соочуваат со истиот проблем. Би сакале да промените нешто, но рацете ви се врзани затоа што сопственикот не сака да слушне за преуредување. Не очајувајте, постојат ситници што ќе го направат вашиот простор поудобен за живеење.
1. Огледала
Ако живеете во мал изнајмен стан, визуелно можете да го зголемите со огледала. Покрај тоа што вашиот простор за живеење ќе изгледа поголем, изборот на декоративни рамки ќе влијае и на изгледот на ѕидовите и на просторијата, а ако сакате промена, можете лесно да ги преместите огледалата од едно на друго место без поголеми интервенции.
2. „Помалку е повеќе“
Во помалите простории, секогаш придржувајте се до златното правило „помалку е повеќе“. Ако претерате со деталите, ќе создадете клаустрофобичен простор во кој нема да можете да се опуштите. Исто така, обрнете внимание на ѕидовите. Наместо повеќе помали слики, одлучете се за една голема. Ова ќе создаде впечаток дека просторот е многу поголем и сликата уште повеќе ќе дојде до израз.
3. Светла боја на ѕидовите
Ако имате помал прилив на директна сончева светлина, обојте ги ѕидовите во посветла боја затоа што природната светлина ќе се рефлектира на површините. Така ќе создадете простран, светол и релаксирачки амбиент. Покрај тоа, светлата боја на ѕидовите е идеална за помали и за потесни простории бидејќи визуелно го зголемува просторот.
4. Налепници за ѕидови
Ако не ви е дозволено да ги бојадисувате ѕидовите, декоративните налепници за ѕидови се одличен и поевтин избор. Лесно се поставуваат, дури и полесно се отстрануваат и не оставаат траги, а можете да ги ставите и на плочките во кујната и во бањата.
5. Детали во бои
Донесете допир на свежина во вашиот животен простор преку интересни детали. Заменете ги досадните стари завеси со платнени ролетни со принт по ваш избор. Ако имате стар тросед, освежете го со украсни перници и тапацир во живописни бои. Изборот е бесконечен, а сè што ви треба е малку фантазија.
6. Осветлување
Покрај тоа што е функционално, може да биде и декоративно. Ако имате стари лустери, заменете ги со нови, но не заборавајте да ги зачувате старите за да ги поставите повторно кога ќе се иселите од станот. Уште подобро решение се столните и подните ламби. Покрај тоа што се украсни, тие даваат попријатна светлина од лустерите, а кога се селите, можете да ги земете со вас.
Погледнете ги овие трикови што ќе го продолжат животот на евтиниот мебел.