5 најпопуларни бои за дизајн на ентериерот ова лето
Во согласност со потоплото време што конечно доаѓа, погледнете кои се петте бои што ќе владеат во светот на дизнајнот на ентериер оваа сезона. Од богатите зелени нијанси до спој на некомпатибилни бои, овие упатства ќе ја освежат секоја просторија.
1. Розова и црвена
View this post on Instagram
Ова е секако еден од најпопуларните трендови, а црвената и розовата боја создаваат неочекувана комбинација која веднаш ја освежува секоја просторија.
Во овој случај, впечатливите елементи се комбинираат со неутрални парчиња за да се создаде баланс во просторијата.
2. Летно злато
View this post on Instagram
Целта на златната нијанса е да ја осветли беж бојата без да доминира.
Според фенг шуи, златната боја ги претставува сонцето, топлината и рајот и внесува мир во секоја просторија каде што може успешно да се комбинира, како што е случајот со оваа кујна чии темни дрвени кујнски плакари даваат пријатна атмосфера.
3. Ботаничка градина
View this post on Instagram
Оваа сезона традиционалната зелена боја се модернизира со помош на нијансите на бујните шуми.
Ако ги комбинирате овие бои со обичен плетен и ратан мебел, ќе добиете елегантна просторија која го претставува духот на летото.
4. Камен
View this post on Instagram
Природните бои на каменот се во фокусот оваа сезона, од елегантен мермер до гранит и оникс.
View this post on Instagram
Ако централното парче мебел е изработено од камен, украсете го остатокот од просторот со едноставни дезени и минималистички форми.
5. Медитеранска палета
View this post on Instagram
Инспирирана од плажата и од песокот, притоа избегнувајќи го прекумерното клише на морскиот изглед, медитеранската палета вклучува кафеава, бела и беж боја со детали од дрво или канап.
Оваа комбинација совршено го евоцира звукот на брановите.
Погледнете како да го внесете допирот на морето во вашиот дом и да се чувствувате како да сте на плажа.