5 начини како да создадете сенка на вашиот балкон

5 начини како да создадете сенка на вашиот балкон

Овие пет одлични совети ќе ви помогнат да создадете вистинска мала оаза полна со сенка и да го заштитите вашето тело од штетните УВ-зраци.

1. Импровизирана тенда

5 начини како да создадете сенка на вашиот балкон

Ако е премногу топло, прекривката или стариот чаршав ќе ви послужат како голема заштита од сонцето на балконот. Со жица заврзете го едниот крај на ткаенината на балконот, а другиот на шајките што ќе ги поставите на ѕидот.

2. Перници на оградата на балконот

5 начини како да создадете сенка на вашиот балкон

Старите перници исто така можат да послужат за создавање сенка. Врзете ги на оградата на балконот за да создадете сенка и да се заштитите од сончевите зраци.

3. Трска

5 начини како да создадете сенка на вашиот балкон

Многумина ги избегнуваат трските затоа што мислат дека изгледаат малку старомодно. Сепак, денес може да најдете голем избор на мрежа од трска и бамбус што ќе го заштити вашиот балкон од сонцето и истовремено ќе изгледа убаво.

4. Висечки растенија

5 начини како да создадете сенка на вашиот балкон

Тие се вообичаена декорација на балконите затоа што добро го поднесуваат сонцето и можат да бидат одличен извор на сенка. Изберете неколку растенија и ставете ги на висечки саксии на балконот.

5. Крпи и марами

5 начини како да создадете сенка на вашиот балкон

Ако сакате уште поедноставна верзија на импровизирана тенда, тогаш користете жица и ставете стари крпи или марами на неа.

Прочитајте како да внесете свежина во домот со помош на пастелни бои.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар