3 лесни и евтини чекори за трансформирање на вашата спална соба во оаза на мирот

3 лесни и евтини чекори за трансформирање на вашата спална соба во оаза на мирот

Без разлика дали сте личност која сака да поминува повеќе време во или надвор од домот, домот е место што треба да ви даде мир. Со оглед на тоа дека доаѓа постудено време и ќе бидете многу повеќе време дома, многумина размислуваат за преуредување на домот или на одредени простории во него. Ако сакате да се чувствувате особено пријатно во вашата спална соба оваа есен и зима, следете ги овие три едноставни и евтини чекори што ќе ја претворат вашата спална соба во оаза на мирот.

Почнете од креветот

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Home with rue (@homewithrue) on

Најважното парче мебел во спалната соба е дефинитивно креветот на кој спиете. Но, освен што ви треба за добар сон, креветот е место на кое ќе се вратите кога сакате да читате, да гледате филмови и серии и да се наполните со енергија. Покрај удобноста, важен е и изгледот. Ако сакате промена, започнете со промена на прекривката. Комбинирајте бели или други светли тонови со поладни сиви тонови за да добиете простор што дава мир. Не заборавајте да додадете перничиња кои ќе придонесат за удобноста, но и за естетскиот дел.

Обрнете внимание на атмосферата

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🌹🌸🌺Les Inspirations De Rose 🌹 (@les_inspirations_de_rose) on

Штом ќе го средите креветот, продолжете со сите оние ситници што ќе ѝ дадат душа на вашата спална соба. Купете нови свеќи, додајте светилки, заменете ги старите ноќни ламби со нови, ставете ги вашите фотографии во рамки и не заборавајте на растенијата. Ситниците и украсите можат да ја променат атмосферата во која било просторија во домот.

Не заборавајте на чувството на припадност

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sandra Santana Noda (@sandradeco__sweet_home) on

Вашата спална соба мора да ги емитува вашите вибрации. Со други зборови, треба да чувствувате дека спалната соба е ваша. Збогатете ја со книгите што ги сакате, со фотографии од вас и од вашите најблиски, со украси, со сувенири од патувања и со вашите омилени уметнички дела.

Погледнете ги овие 20 идеи како да ја уредите спалната соба за да изгледа како од списание.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

  1. Симона Бринкман Reply

    НЕ СМЕЕ во спалните соби да се чуваат живи растенија, зашто преку ноќ пуштаат јаглероден диоксид – штетен за човековата респирација.
    Не е препорачливо во спалните соби да има суви растенија, зашто се дом на пајаци, мушички, гасеници, стеници, болви и останати штетни инскети.
    Останатите матракуки собираат прашина многу повеќе од чиста и едноставна спална којашто лесно се чисти, а уште полесно луфтира!

    Ова се учи во 3то одделение по природо, а порано и по домаќинство имаше ваква лекција!

    Поздрав
    д-р Симона, биолог

Остави коментар