20 идеи за внатрешна трансформација на домот без да потрошите многу пари
Ентериерот е исклучително важен, но грешите ако мислите дека за трансформација на домот ви се потребни многу пари. Овие 20 детали ќе ви помогнат да го промените изгледот на вашиот дом без многу трошоци.
View this post on Instagram
1. Внесете зеленило
Секој простор ќе оживее и ќе биде подобро осветлен кога ќе го украсите со раскошни растенија.
2. Направете нови корици на книгите
Евтин начин за целосно менување на изгледот на полицата за книги е да земете хартија во саканата боја, да ги завиткате и со ваш ракопис да напишете за која книга станува збор.
3. Променете го изгледот на рачките на вратите
Ако бравите се исправни, не треба да ги менувате. Купете спреј во омилената боја и дајте им сосема нов изглед.
4. Клукало
Поставете античка алка за тропање на влезната врата. Ова ќе ѝ даде на вратата целосно нов изглед.
View this post on Instagram
5. Бојадисајте ја столаријата
Кога старата столарија ќе ја бојадисате во друга боја, целата куќа ќе изгледа сосема поразлично.
6. Заменете ги рачките на фиоките во кујната и во бањата
Една ситница прави огромна разлика.
7. Искористете ги вазните
Ако имате многу вазни, ставете цвеќиња во нив. Тие му даваат луксузен допир на ентериерот.
8. Дискретни ѕидни полици
Празните ѕидови воопшто не се привлечни. Украсете ги со едноставни ѕидни полици и со убави детали на нив.
View this post on Instagram
9. Спомените како декорација
Врамете ги разгледниците од морето или мапата на градот што сте го посетиле и закачете ги на ѕидот.
10. Додајте висечки саксии
Таму каде што има простор, ставете висечки саксии што можете сами да ги направите без да трошите пари.
11. Бојадисајте ја масичката во мат боја
Масичката ќе добие сосема нов изглед, а вашиот ентериер ќе изгледа многу модерно.
12. Мат злато наместо сјајно
Овие детали кои потсетуваат на осумдесеттите години целосно ги освоија дизајнерите на ентериер и се голем хит во уредувањето. Додајте детали во мат златна или бакарна боја и ќе ја освежите секоја просторија.
View this post on Instagram
13. Ставете тапет на еден ѕид
Тапетите се евтини и лесни за лепење (не ви е потребен професионалец), а ѝ даваат комплетно нов изглед на просторијата.
14. Врамете постер
Испечатете неколку убави пораки што ве мотивираат и закачете ги на ѕидот или ставете ги на некоја полица.
15. Составете мини-галерија на еден ѕид
Одберете ги омилените фотографии и закачете ги сите на еден ѕид во прекрасни рамки за да добиете вистинска мини-галерија.
View this post on Instagram
16. Отстранете ја едната врата од висечкиот дел во кујната
Зошто да ги скриете најубавите садови? Нека бидат изложени на погледи, а вашата кујна ќе добие нов изглед.
17. Нов живот за подните плочки
Заменувањето на плочките е инвестиција за која се потребни многу пари. Денес, можете да најдете линолеум во најразлични бои и дезени и да ги „промените“ вашите подни плочки.
18. Бојадисајте ја влезната врата во светла боја
Светложолтата влезна врата изгледа премногу добро и ќе му даде целосно нов изглед на вашиот дом.
View this post on Instagram
19. Впечатлив лустер
Пронајдете голем, убав лустер што ќе го поставите во најголемата просторија во која влегуваат многу луѓе. Големиот ходник или трпезаријата се идеални за тоа.
20. Фрлете ги непотребните работи
Најлесен и најевтин начин за целосно менување на ентериерот е да се ослободите од сè што не ви е потребно. Просториите ќе дишат и ќе имате слободен простор за нови детали.
Погледнете ги овие летни идеи за уредување на вашиот дом.