Претходно
18-годишна самоука артистка црта неверојатни уметнички дела
Ништо не е невозможно за оние кои вистински се посветени на нивниот сон и имаат неверојатно голема страст за своите интереси. Дени Лизет е 18-годишна артистка од Мексико и претставува одличен пример за секој кој е млад, талентиран и амбициозен. Таа создава чудесни слики со водени и дрвени бои од луѓе и животни. Кога ќе ги погледнете нејзините детални уметнички дела, едноставно нема да поверувате дека таа го научила ова сама, без никаква професионална обука.