15 уметници ги развеселиле ѕидовите на една детска болница во Лондон
Самата помисла на болница е ужасна, па уште кога ќе стигнете таму и ќе го почувствувате оној болнички мирис сместен во вообичаениот сив ентериер, веројатно секој пат би сакале да се вратите назад. А ако сте дете, тогаш воопшто нема шанси да ви се седи таму. За жал, тоа е неизбежно за младите пациенти од Кралската детска болница во Лондон. Затоа петнаесетмина уметници од организацијата Витал Артс одлучиле да донираат цртежи на ѕидовите за тие да се чувствуваат колку-толку поубаво додека се таму. Мора да признаете, резултатите се навистина убави и би сакале сите болници да бидат вакви.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.