15 креативни билборди ширум светот
За да го привлече вниманието на луѓето, рекламата мора да биде оригинална и добро смислена. Покрај другото, големо влијание тука има и креативноста, која има за цел не само да го рекламира производот или услугата, туку и да ги насмее и да ги забавува минувачите. Погледнете ги овие уникатни билборди кои не би можеле да ги заборавите откако еднаш ќе поминете покрај нив.
1. Национално осигурување, САД
Верувале или не, овој билборд не е реклама за боја, туку е дел од кампањата „Животот доаѓа брзо“, создадена од националното осигурување. Како што може да се забележи, бојата изгледа како да истекла надвор од билбордот, покривајќи ја едната страна од зградата, голем дел од паркингот, па дури и неколку автомобили.
2. Олстејт, Чикаго
Оваа реклама за осигурување за автомобили покажува како возило виси од едната страна на кулата. Кој и да е сопственикот, дефинитивно автомобилот не е „во добри раце“.
3. Формула, Индонезија
Овој билборд е создаден за да се потенцира идејата дека пастата за заби Формула „гради цврсти заби“. Како што можете да видите, наместо да биде користен убав модел со бисерно бели заби, овој билборд покажува човек чиишто заби се толку силни, што тој дури ја влече рекламата.
4. Олдтајмер, Австрија
Колку често ги забележувате билбордите кога минувате по патот? Па, ако возите низ овој тунел во Австрија, дефинитивно нема да можете да го пропуштите овој билборд, затоа што буквално поминувате низ самата реклама.
5. Тајленол, Канада
Овој билборд е дизајниран за да укаже на тоа дека лекот Тајленол може да ви помогне да ја надминете главоболката и да се „вратите во нормала“. Преку креативната употреба на силната топка, овој билборд покажува колку е сериозна главоболката кај луѓето, како и ефикасноста на лекот.
6. Панасоник, Индонезија
Со цел да ја рекламира машинката за отстранување влакна во носот, Панасоник го создал овој билборд. Тој ги користи каблите за да покаже колку им е потребна оваа машинка на луѓето, истовремено додавајќи и малку хумор.
7. Економист, Велика Британија
Овој билборд чувствува кога човекот поминува под сијалицата, па таа се вклучува, што има за цел да пренесе порака дека читањето на овој весник може да ви донесе многу идеи.
Погледнете уште креативни билборди на наредната страница…