12 тајни за уредување на домот кои можеме да ги „украдеме“ од среќните луѓе
Начинот на којшто го уредувате вашиот животен простор има големо влијание на вашето расположение. Затоа, без разлика колку време поминувате во него, тој би требало да ви пружи чувство на удобност и мир. Среќните луѓе водат сметка за својот дом, а ова се нивните тајни за уредување на просторот, поради кои насмевката е чест гостин на нивните лица.
1. Не дозволуваат создавање на неред
Секогаш внимаваат на тоа, на пример, 2-3 списанија да не се претворат во куп кој само собира прашина. На време ги отстрануваат непотребните работи и не дозволуваат тие да го превземаат просторот.
2. Предметите кои им значат ги поставуваат на видливо место
Важната пофалница на ѕидот, медалите на синот, дипломата… Она што за нив има големо значење заслужува да биде изложено за погледи, а поради тие предмети се чувствуваат подобро кога ќе ги видат во поминување.
3. Ја искажуваат сопствената личност
Не се плашат во уредувањето да се внесат себеси, па секогаш водат сметка за тоа нивниот дом да биде уреден онака како што ним им одговара, дури и ако тоа не е во согласност со трендовите.
4. Имаат катче за одмор
Мала зона, создадена само за нив, понекогаш не поголема од 1 или 2 квадрати, е нивниот посебен простор во кој се оддалечуваат од сите грижи и проблеми, односно се впуштаат во својот свет.
5. Ја внесуваат природата во домот
Колку повеќе билки, толку подобро. Истражувањата одамна покажале дека билките нѐ смируваат и позитивно влијаат на нашата психолошка состојба, па затоа слободно опкружете се со нив.
6. Кај нив секогаш е „живо“
Дружењето со пријателите или семејството ќе ве наполни со позитивна енергија.
Преминете на следната страница за повеќе тајни…