12 одлични илустрирани одговори на сексистички коментари
Суптилниот сексизам е многу тежок да се забележи, особено кога доаѓа во форма на комплимент. Токму затоа 19-годишната артистка Ванеса Папаставрос од Австралија создала серија илустрации наречени „Backhanded Compliments“ со цел да покаже колку често жените добиваат „комплименти“ кои всушност се навреди.
„Навредата е суптилна, бидејќи е обвиена во еден вид фалење, но на крајот на денот таа секогаш ја кажува истата порака: како жена, ти не ги достигнуваш моите стандарди“, вели Ванеса.
Оваа серија содржи илустрации кои се споени со сексистички коментари и одговорите кои секоја жена потајно сака да ги каже. Тука се вклучени различни видови жени, со различни форми, големини и боја на кожа.
„Овие коментари се посебен вид навреди. Тие многу често се разменувани во личен формат и се насочени директно кон вашите несигурности. Тие често ги кажуваат луѓе кои добро ги познаваме и за несреќа, се еден вид пасивно-агресивна форма на засрамување поради изгледот на телото кои имаат моќ да направат да се почувствуваме навредено, но немоќно за протестирање“, заклучува таа.

– Ти си навистина убава за Азијатка.
– Сериозно? Не.

– Изгледаш како торба со коски.
– Престани да зборуваш.

– Ќе беше многу привлечна доколку твојата коса би имала нормална боја.
– Извини, не те слушам поради тоа што мојата коса изгледа одлично.

– Вау, многу си храбра што ја носиш таа облека.
– Тоа е фустан за забава, не униформа за пожарникари.

– Ќе изгледаш многу поубаво без очилата.
– А ти ќе изгледаш многу љубезно доколку не зборуваш.

– Навистина е кул тоа што си полуцрна.
– Значи ти мислиш дека да бидеш целосно црн не е кул? Бидејќи јас мислам дека расизмот не е кул.

– Зошто користиш толку многу шминка кога изгледаш многу поубаво природно?
– Дали моето совршено обликувано лице изгледа како да се грижи за твоето мислење?

– Би била многу жешка ако ослабеш некој килограм.
– Затвори ја твојата уста.

– Мажите сакаат жени со малку месо на нивните коски.
– Амм, дали јас треба да бидам оброк?

– Поубава си во живо.
– Мислам дека сакаше да кажеш „ти си навистина грда на сликите“.

– Ти си навистина многу убава, затоа е збунувачки зошто си сè уште сингл.
– Сериозно?

– Ќе изгледаше многу поубаво доколку твојата коса беше права.
– Мислам дека секако ќе изгледам прилично многу неверојатно.