12 докази дека зелените ѕидови изгледаат убаво во секоја просторија во домот
Ако сакате да ги освежите ѕидовите во вашиот дом со боја што не е бела, тогаш можете да ги бојадисате во зелени нијанси, кои се голем тренд оваа пролет. Зелената боја во моментов е толку популарна што се нарекува новата бела за ѕидови. Зелената боја е одличен избор за ѕидовите затоа што има смирувачки ефект. Таа се поврзува со природата и со тишината. Пригушената зелена боја може да внесе живост во просторијата, но истовремено да направи да се чувствувате опуштено.
Каква нијанса ќе изберете за ѕидовите во вашиот дом зависи од тоа која просторија сакате да ја бојадисате. Ако ја изберете вистинската нијанса, можете да ја бојадисате со зелена боја речиси секоја просторија. За спалната соба, придржувајте се до посветлите нијанси, како ментол или пастелна за да имате релаксирачко чувство.
Потемните нијанси се соодветни за дневната соба и за трпезаријата, како и за работниот простор ако имате посебна канцеларија во вашиот дом. Кога станува збор за кујната, сигурно нема да погрешите со комбинацијата на пригушени зелени ѕидови и бел кујнски мебел.
Меѓутоа, ако не сте подготвени или едноставно не сакате да ја бојадисате целата просторија во зелено, обидете се да бојадисате само еден ѕид. Тоа ќе биде доволно за да му дадете нов изглед и живост на целиот простор.
Црвената, жолтата, сината, портокаловата, виолетовата и кафеавата боја добро се совпаѓаат со зелената, како и со другите нијанси на зелена боја, што е добро да се знае кога станува збор за комбинирање на бојата на ѕидовите со бојата на мебелот. Зелената е секундарна боја и претставува комбинација на сина и жолта боја. Секундарните бои секогаш одговараат на боите од коишто се добиени.
Изберете комплементарна виолетова нијанса ако сакате доминантна боја која се вклопува со светлозелената боја. Комплементарните бои се две бои што се спротивни една на друга во спектарот на бои.
Темнозелената, како што се смарагдната и шумско зелената, добро се комбинираат со морнарско сина и со боја на брусница.
Зелената боја со жолти поттонови може да се комбинира со потопла бои, како жолта, златна, боја на лосос и корална. Бојата на ф’стак и сличните светли нијанси комбинирајте ги со кремаста бела и со провидна сина боја. Во продолжение погледнете ги овие фотографии што ќе ве инспирираат да ги бојадисате ѕидовите во зелена боја.
Погледнете како да го претворите малиот балкон во идилична пролетна оаза.