12 архитектонски дела кои ја почитуваат природата

12 архитектонски дела кои ја почитуваат природата

Со човечкиот напредок и зголемувањето на потребата од освојување поголеми површини од земјата, за изградба на патишта, згради и нови технологии, природата и дивината често се запоставуваат и уништуваат. Дрвата, шумите и природните пејзажи неодговорно се отстрануваат од лицето на земјата, за да се направи простор за нови фабрики, домови, бизнис центри и патишта.

Приватна куќа, Западна Вирџинија, САД

Свесни сме дека насекаде околу нас се уништуваат големи површини зеленило, со цел да се направи простор за новите проекти кои некогаш се одложуваат, па дури и откажуваат целосно, но откако штетата е веќе направена.

Можеби е време сите да научиме нешто од овие архитекти кои нашле начин како да ги исполнат своите планови, додека истовремено ја почитуваат природата. Веројатно потребно е да се вложи малку повеќе труд, но идните генерации ќе ни бидат благодарни што сме се грижеле за светот во кој живееме.

Заштитата на Земјата и почитувањето на природата станува архитектонски тренд и верувале или не веднаш се забележува разликата. Погледнете ги следниве 12 градби кои човекот ги изградил во согласност со природните законитости.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар