11 трендови во уредувањето на ентериерот што порано беа многу популарни, но веќе не се во мода
Според статистичките податоци, околу 30% од луѓето кои одлучуваат да го реновираат својот дом, претпочитаат современ дизајн на ентериерот. Но, може да биде прилично тешко да се реализираат тие идеи затоа што честопати ќе добивате многу контроверзни совети, а модните трендови постојано се менуваат. Во продолжение погледнете кои модерни пристапи можат да ги заменат старомодните трендови.
1. Пластични полици за аголот во бањата
Пластичните предмети, особено кога се сместени во близина на керамички плочки, прават ентериерот да изгледа евтино. Пластичните аголни полици визуелно го стеснуваат просторот, така што малата бања ќе изгледа уште помала со овој детаљ. Наместо тоа, подобро е производите што ги користите секој ден да ги чувате на кадата, а останатите да ги скриете под мијалникот.
2. Метални површини
Ваквите кујни станаа популарни во 90-тите години. Многу луѓе сакаа нивните кујни да изгледаат професионално, исто како оние во големите ресторани. Така, тие користеа различни метални текстури и површини за да го постигнат овој ефект.
Денес, овој стил веќе не е популарен. Пренатрупаноста со метал го прави дизајнот да изгледа гломазен, а студените нијанси ја претвораат просторијата во непријатен и изолиран простор. Сега, дизајнерите препорачуваат да изберете посветли материјали и бои.
3. Столчиња-перници
Најпрво, меките столчиња беа поставени во канцелариите каде што работодавците сакаа да создадат удобно место за своите вработени. Но, вработените веројатно толку многу уживаа во нив што решија да го имаат овој дел од мебелот и во своите домови. Но, тие не се во мода веќе неколку години, а дизајнерите предлагаат да ги замените со фотелји или со помодерни столови.
4. Кујнски плотни направени од сив или кафеав гранит
Гранитните плотни беа многу популарни, но сега веќе не се. Нив можете да ги сретнете во секој втор стан, а тие автоматски го прават дури и новиот ентериер да изгледа застарено и немодерно. Значи, при изборот на кујнските површини, подобро е да изберете обични мат или сјајни нијанси.
5. Паркет нареден како рибина коска
Дрвениот паркет се смета за висококвалитетен материјал, па луѓето често го избираат кога ги реновираат своите домови. Сепак, многу луѓе го редат паркетот како рибина коска само од навика. Но, на овој начин, домот веднаш ќе изгледа старомодно. Поради тоа, оваа шема можете да ја замените со класичната правоаголна шема која го прави просторот да изгледа визуелно поголем.
6. Светла на огледалото
Огледалото опкружено со мали светилки стана сон за многу модни модни на Инстаграм. Секоја жена сака да се чувствува како ѕвезда, но, за жал, овој елемент изгледа старомодно. Заменете ги холивудските светла на огледалото со неутрален дизајн и понежно осветлување.
7. Рустикални кујни
Рустикалните кујни беа многу популарни, но дизајнерите на ентериер сфатија дека тие изгледаат многу несоодветно во урбана средина. Растенијата на прозорците и пријатните полици изгледаат убаво ако имате поглед кон градината, а не кога прозорците се свртени кон соседните високи згради. Затоа, дизајнерите препорачуваат да изберете еколошки стил наместо рустикални кујни. Зелените бои и природните материјали, исто така, покажуваат колку сопствениците на куќата се блиски со природата, но, во исто време, многу подобро ќе се вклопат во станот.
8. „Тежок“ класичен стил
Темното кадифе, природното дрво и позлатените предмети се употребуваа премногу долго. Сега, оваа претенциозна и прекумерна естетика се замени со посуптилни детали и со минимализам. Дизајнерите избираат светли завеси наместо големи темни завеси, кадифето се заменува со лен и памук, а позлатените детали се заменуваат со дрвени или сребрени.
9. Ѕидови од тули
Најпрво, овој дизајн се појави во кафулината и во рестораните, а потоа, нивните посетители почнаа да прават вакви ѕидови и во своите домови. Овој дизајн се рашири многу брзо и како резултат на тоа, излезе од мода. Сега, тој е заменет со еколошки стил, полн со природни бои и дрвени структури.
10. Мебел од црешово дрво
Темноцрвената боја на цреша е особено популарна кај кујнскиот мебел. Но, оваа боја ја прави просторијата да изгледа старомодно. Дизајнерите за ентериер советуваат да изберете дрво во посветли бои што ќе ја направат кујната да изгледа посвежо и помодерно.
11. Линолеум со старомоден принт
Линолеумот се смета за евтин и практичен материјал, но го прави ентериерот да изгледа многу несофистицирано, особено ако изберете принт што често можете да го видите во болниците, училиштата, музеите и библиотеките. Поради тоа, подобро е да изберете дрво или плочки. Овие материјали се поскапи, но тие се подолготрајни и ќе се вклопат многу подобро во вашиот ентериер.
Погледнете кои 10 правила за уредување на домот треба да ги прекршите.