11 неверојатни фотографии кои ќе ви покажат колку всушност е мала планетата Земја
Нашата планета Земја ја знаеме како една огромна елипсоидна топка која ротира заедно со сите други небесни тела и со која се чувствуваме доста малечки во споредба. Но ретко, скоро и никогаш, не запираме да размислиме за големата космичка ширина и непознатото во неа. А, и не треба да го направиме тоа.

Земјата гледана од 1.450.000.000 километри далечина
Поранешниот астроном, Карл Сејган, во својата книга „Бледа сина точка: Визија на човековата иднина во вселената“ пишува:
„Можеби не постои подобра демонстрација на лудоста на човековите вообразувања од далечната слика на нашиот ситен свет. За мене, таа ја потенцира нашата одговорност да бидеме пољубезни едни кон други и да ја чуваме и негуваме оваа бледа сина точка, единствениот дом за кој некогаш сме знаеле. Ние сме, всушност, како пеперутки кои летаат само еден ден, а мислат дека тој лет ќе трае вечно.“

Северна Америка во споредба со црвените дамки на Јупитер. Бурите на Јупитер би го проголтале целиот континент.

Прстените на Сатурн околу Земјата

Прстените на Сатурн можат да соберат по 6 планети со големина на Земјата меѓу нив

Марс може да стане вториот дом на човештвото, но црвената планета е само малку поголема од едната половина на Земјата. Северна Америка едвај може да ја собере на една од хемисферите на Марс.

Највисоката вулканска планина во целиот Сончев систем се наоѓа на Марс. Ако беше на Земјата, целосно ќе ја покриеше Аризона.

Месечината на Јупитер, Ио, е геолошки најактивниот објект во Сончевиот систем со преку 400 активни вулкани. Северна Америка има само 100.

Месечината на Јупитер, Европа, е 4 пати помала од Земјата, но има повеќе вода од сите океани на Земјата заедно.

Сонцето го има најголемиот процент на маса во целиот Сончев систем, околу 99,86%, и може да собере 1,3 милиони Земји во него.

Во малата заокружена точка до која што пишува „Sun“ се наоѓа нашиот Сончев систем. Околу него лебдат преостанатите 100 билиони познати ѕвезди од нашата галаксија Млечен пат.

Црвената точка ја претставува нашата галаксија која живее во суперсоѕвездието Ланиакеа, што во превод значи непроценлив рај.