11-годишно момче од Нигерија создава неверојатни хиперреалистични цртежи
Карим Варис Оламилекан е 11-годишен уметник од Нигерија. Тој брзо станува популарен благодарение не неговите реалистични цртежи. Ова младо талентирано момче моментално учи на Академијата за уметност Ејвол, се нарекува „мал уметник“ и сонува дека еден ќе ги види своите дела во музеј.
Карим црта од 6-годишна возраст, а главната тема на неговите цртежи се портрети, иако понекогаш црта и други нешта.
„Ги цртам моите пријатели. Цртам анимирани ликови, стрипови. Цртам илустрации од учебници и весници. Цртам хиперреалистични дела со молив.“
Цртежите на Карим имаат толку неверојатни детали кои не се честа појава кај 11-годишни деца.
Карим вели дека инспирацијата ја добива од сè што се случува околу него, особено од неговото семејство.
Неговите идоли се уметникот Аринзе Стенли од Нигерија, кој исто така црта хиперреалистични цртежи и ренесансниот уметник Микеланџело.
Најпознатото дело на Карим е наречено „Дневен леб“. На ова дело е прикажана личност која е во солзи и која јаде.
„Во моето семејство се работи напорно пред да се стави храна во устата. Тоа е она што ме инспирира.“
Продолжува на следната страница…