10 тајни од најпознатите дизајнери за уредување на вашиот дом
Без разлика дали живееме на одредено место само 2 месеци или 20 години, сите од време на време имаме потреба од мала промена. Нашите животи постојано се менуваат и таа промена треба да се забележува и во домот каде што живееме. Промените можат да бидат многу едноставни, кои можат да се постигнат и само со купување мали декорации како на пример, фотографија. Но, понекогаш тоа што навистина ни е потребно е голема промена како нова боја на ѕидовите, нов мебел или пак преуредување на тоа што веќе го имаме.
Следуваат неколку едноставни тајни од најпознатите внатрешни дизајнери кои можат да ви помогнат да направите трансформација којашто најдобро ќе одговара на вашиот моментален стил и карактер.
„Првото правило за декорирање е дека можете да ги прекршите скоро сите други правила,“ Били Блодвин
Нешто што секој декоратор би ви го кажал е дека правилата постојат за да се прекршат. Многу е поважно декорациите во вашиот дом да го рефлектираат вашиот начин на живот и вашата личност отколку да се водат според конвенционални правила. Но, сепак, многу е важно да најдете одреден баланс за вашиот дом да не изгледа ниту премногу досадно ниту пак премногу натрупано.
„Никогаш не туркајте го мебелот до ѕидовите. Дури и ако ја поместите гарнитурата за седење само неколку сантиметри нанапред, можете инстантно да го стоплите просторот и да создадете тек,“ Бетси Брнхам
И покрај тоа што секој дизајнер има свои сопствени трикови за трансформација на одредена просторија, сите тие се согласуваат дека во домот треба да владее добро чувство за живеење, да ги претставува интересите и страстите на сопствениците и да не е многу сериозен.
„Секогаш имајте го таванот на ум. Тој е најзапоставениот простор од собата,“ Алберт Хедлеј
Кога ќе започнете со декорирање на домот, прво што ви паѓа на памет се ѕидовите, потоа мебелот и подот, но ретко кога размислувате и за тоа што се наоѓа над вас. Овој златен таван успева да направи неколку работи во оваа соба. Тој го рефлектира природното осветлување кое доаѓа од огромните прозорци, додава длабочина и топлина во собата и дефинитивно додава елемент на нешто необично.
„Комбинацијата од повеќе бои го одржува младешиот и забавен карактер на собата,“ Кристина Марфи
Многу луѓе се плашат да ги бојадисаат ѕидовите со светла боја. Бојата исто така може да се додаде и преку декорации. Убави ќебиња, вазни, фотографии, перници и ќилими се одличен начин да додадете малку повеќе боја во вашиот дом. Започнете со мали промени, додадете разнобојна ламба, па потоа вазна и ќебе… Ако се чувствувате подготвено преминете и на поголемите нешта. Бојата навистина влијае на расположението и може да го направи вашиот дом посреќен и поенергичен.
„Употребете ѕидни тапети на необични места: на таванот, во соби обложени со ламперија, во плакарот, ходниците или во малото фоаје. Добра текстура во мал простор може да направи чудесен пресврт,“ Линдзи Корал Харпер
Секогаш е забавно да влезете во нечиј дом и да најдете нешто неочекувано. Класично уредена дневна соба со таван во светла боја, бел ходник и неочекувано колоритни скали… Едноставната бела спална соба може да понуди интересно изненадување ако има забавни текстури на плакарот. Во собата на сликата погоре, веднаш ќе ве привлече забавниот и истовремено елегантен таван.
„Јас ја ценам историјата, но мора да донесете свое искуство во вашите простории,“ Истван Франсер
Тоа што го прави домот уникатно ваш се оние работи кои ги имате во него. Покажете ги личните работи за да ги откриете вашите личност, авантури и постигнувања. Комбинирајте ги украсите така што ќе употребите и постари и понови. Сите ние имаме минато, сегашност и иднина и сите тие играат голема улога во нашата лична историја.
„Мислам дека луѓето не се забавуваат доволно додека декорираат. Не мора секогаш да биде толку сериозно. Дизајнот не е како бракот, не мора да му бидете посветени до крајот на вашиот живот,“ Рос Кесиди
Не плашете се да направите нешто ново. Секогаш можете да го смените ако не ви се допаѓа. Мебелот може да биде наместен на различен начин, ѕидовите можат да бидат повторно бојадисани… Не знаете дали нешто ќе ви се допадне сè додека не го пробате. Ако не сте сигурни, започнете прво со нешто мало, а потоа преминете на нешто поголемо. Собата погоре ќе биде многу досадна ако не е тука интересниот и разнобојниот мебел. Тој ѝ овозможува одреден карактер и покажува дека сопственикот е забавен, полн со љубов и најверојатно не се сфаќа себеси премногу сериозно. Од друга страна пак, ако ѕидовите и ламбите не беа бели, собата ќе беше премногу натрупана и ќе ви го одвлекуваше вниманието.
„Вистинската удобност, визуелно и физички е најважен дел од секоја соба,“ Марк Хемптон
Друга област за која сите дизајнери се согласуваат е важноста на удобноста во домот. Без разлика дали вашиот стил е елегантен и софистициран, опуштен или ексцентричен… Без разлика дали сте минималисти, пребирливи или класични, најважното нешто е да го направите вашиот дом добар за живеење. Добро дизјаниран дом е оној кој истовремено е и удобен и функционален.
„Што е најважното нешто? Совршено осветлување во секое време,“ Оскар де ла Рента
Природното осветлување е најдобро, но кога станува збор за природна светлина изворите се ограничени. Поради тоа размислете за вашата околина. Дали живеете во голем град, во близина на шума или покрај езеро? Некои домови ќе имаат многу повеќе природна светлина од други и осветлувањето во домот може да варира во текот на денот. Седете во сите соби од вашиот дом за време на еден ден и забележете каде недостасува светлина. Додавањето на дополнително осветлување ќе ви овозможи сјај и топлина околу вас.
„Додатоците се таму каде што сакам да оставам впечаток. Тие се душата на секоја соба,“ Остин Ворнер
Додатоците се одличен начин да го поврзете сиот декор во целина. Тие можат да ги доближат сите нешта едни до други и да направат вашиот простор да добие комплетен изглед. Тоа исто така е и еден начин да додадете личен допир на вашиот простор. Тие често раскажуваат приказни за тоа каде сте биле и кои се вашите интереси. Ако не сте сигурни дека сакате да направите некоја голема промена во однос на боите во вашиот дом, можете да внесете малку повеќе разнобојност преку додатоците кои ќе ги изберете.
Дали сте инспирирани да направите неколку промени во вашиот дом? Од каде би почнале и што би промениле?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Прекрасна статија. Продолжете така!