10 неверојатни куќи скриени од окото на јавноста
Сите имаме периоди кога сакаме да бидеме сами. Тогаш ги затвораме очите и си замислуваме како се наоѓаме во некое изолирано катче на Земјата каде што ништо не може да ја уништи тишината освен звукот на брановите или шумолењето на лисјата. Денес, ви нудиме можност да уживате во неколку минути самотија без да ги затворите очите. Погледнете ги следниве 10 неверојатни куќи кои се безбедно скриени од окото на јавноста…
1. Ископаната куќа во Тексас, САД
Оваа куќа е сместена 2 метра под земја и однадвор личи на обична ископина. Меѓутоа, во внатрешноста таа има сѐ што е потребно за удобен живот, па дури и мало базенче во дворот.
2. Бунгалов под борови дрвја во Британска Колумбија, Канада
Необичната градба и зелениот мов на покривот ѝ помага на оваа куќа целосно да се претопи во пејзажот.
3. Куќа на покрив од трговски центар во Хунан, Кина
Овој трговски центар со куќи на покривот се наоѓа во град со 4 милиони жители кои имаат многу мал слободен простор за живеење. Токму затоа, архитектонските решенија понекогаш мора да бидат малку необични.
4. Кањонската палата во Јута, САД
Оваа куќа била изградена во 1986 година од страна на еден брачен пар кој сонувал да живее на тивко место. Собите се многу пријатни иако можеби на прв поглед целата градба делува бизарно.
5. Вилата Валс во Валс, Швајцарија
Идејата зад оваа подземна вила има законска основа: Властите забраниле градење на висока зграда, бидејќи тоа би го уништило пејзажот. Токму затоа, архитектот решил да изгради куќа во пештера.
Продолжете на следната страница за останатите неверојатни куќи…