10 извонредни креации направени од кутии за јајца
Автор: Александра Чакаровска
Уште во далечната 1911 година, кога биле измислени првите кутии за јајца, нивната основна цел била безбедно и сигурно пренесување на јајцата од производителот до потрошувачот. Никој во тоа време не замислувал дека тие можат да најдат сосем друга примена и да се преобразат во вистински ремек-дела. Маса, играчки, фотоапарат, па дури и куќа се само неколку од многуте креации изработени токму од кутии за јајца.
Слика во стилот на кубизмот
Холандскиот уметник Ено Де Крон ја воодушеви неговата публика со прекрасните слики, кој тој ги нарекува „Eggcubism“. Потсетувајќи се на младоста, кога како дете си играл со кутии од јајца и од нив правел различни форми, решил овојпат да црта на нив и да создаде уникатни слики. Според Де Крон, ваквите цртежи овозможуваат уметноста да се перцепира и осознае од сосема поинаков агол.
Лего-куќа
Австралиското студио Голденхем, направило уникатна куќа од илјадници рециклирани кутии за јајца, нарекувајќи ја „The Original Dream“. Куќата е направена така што кутиите за јајца се редени како лего-коцки на дрвена основа, па оттаму и самата куќа е позната како лего-куќа.
Креативно осветлување за домот
Доколку сакате интересно и необично осветлување за домот, кое истовремено ќе ѝ даде посебен шарм на вашата просторија, одберете го овој дизајн изработен од кутии за јајца. Интересно е тоа што не морате да потрошите мало богатство, туку можете сами да го изработите.
Играчки
Најдобар начин да ги научете децата што е тоа рециклирање, е заедно да изработите играчки од кутии за јајца. Истовремено ќе се забавувате и ќе учите.
Маса
Се работи за маса со 3 ногарки, изработена од кутии за јајца, земја, тесто од брашно и семиња. Иако не изгледа стабилна, сепак е доволно цврста да издржи предмети со средна тежина.
Фолксваген камион
Фотоапарат
Цвеќиња
Костим за маскенбал
Софа
Прилично креативна софа, но дали би се осмелиле да седнете и да се опуштите на неа? 🙂
За крај, прочитајте што сè можете да направите со вашите јајца :).
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.