10 дена екстремни временски услови во Словенија резултирале со пејзажи како од бајките

10 дена екстремни временски услови во Словенија резултирале со пејзажи како од бајките

Словенскиот фотограф Марко Корошец бил доволно храбар да се искачи на планината Јаворник во Словенија по 10-дневното беснеење на снежната бура на почетокот на декември. Резултатот се прекрасни снежни слики како од бајките. Ви се чини дека во секој момент од негде ќе излезе снежната вила или ледената кралица. Сега местото е покриено со дебел мраз и мразулци долги до 1 метар. Марко објаснува дека сака да ги фотографира временските услови и феномени, но исто така вели дека она што го видел на Јаворник ги надминало сите негови очекувања.

10 дена екстремни временски услови во Словенија резултирале со пејзажи како од бајките

Ова не е прва екстремна снежна бура во Словенија. Во почетокот на февруари оваа година документирани се фотографии од најлошата бура на овој простор, оставајќи го локалното население без струја цела една недела. На фотографиите јасно се гледаат подмрзнати улици, куќи, автомобили и дрвја. Поради тоа што мразот бил дебел дури до 15 сантиметри, луѓето употребувале секири за да ги отворат вратите од своите автомобили. Секако, секогаш има место за уметност и креативност, па така целиот пејзаж станало погодно место за фотографите кои креираа нешто навистина магично.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар