1 љубовен пар во 9 различни варијанти

1 љубовен пар во 9 различни варијанти

Шпанскиот фотограф Начо Рохо и неговата девојка се субјетките во неговата фотосерија насловена „Couples“ (Парови). Во неа, овие двајца со помош на шминка, облека и огромна креативност, се претставени во 9 тотално различни карактери и типови луѓе, кои припаѓаат на различни социјални групи. Нивниот креативен набој и екстремен стил употребен за фотографиите, го принудуваат набљудувачот да помисли каков е неговиот идентитет и социјално однесување.1 љубовен пар во 9 различни варијанти1 љубовен пар во 9 различни варијанти1 љубовен пар во 9 различни варијантиСтилот, позирањето, држењето на телото, фацијалните експресии, облеката, пирсингот на телото и тетоважите, го тераат гледачот да си создаде одредена слика во глава, за секој пар. Во секој случај, Рохо и неговата девојка се истите луѓе на секоја фотографија, а носат само различен „костум“. Тие не менуваат кај себе ништо освен надворешната „фасада“, што пак го поттикнува прашањето: дали го формираме мислењето за другите луѓе, судејќи само според нивниот надворешен изглед? Неверојатно е колку може овој пар драстично да се трансформира од една во друга фотографија. Секоја чест за идејата.1 љубовен пар во 9 различни варијанти1 љубовен пар во 9 различни варијанти1 љубовен пар во 9 различни варијанти1 љубовен пар во 9 различни варијанти1 љубовен пар во 9 различни варијанти1 љубовен пар во 9 различни варијанти


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар