Историја на карневалот во Венеција

Историја на карневалот во Венеција

Познатиот венецијански карневал трае сè до празникот познат како Чиста среда, популарниот Марди Грас, а започнува 10 дена порано. Оваа година карневалот се одржа од 11 до 21 февруари.Историја на карневалот во ВенецијаЗборот „карнвеал“ (carne – месо), има латинско потекло и значи „збогум месо“. Слично на Великиот пост, Римјаните биле должни да постат за празникот Чиста среда. Но, овие верски формалности биле оправдување за прослава на паганските фестивали. Saturnalia и Lupercalia биле римски празници кога биле прославувани слободоумните и расипниците. Подоцна, нешто слично било воведено во христијанскиот календар. Тоа е прославата која започнува ноќта спроти Водици. Папите Клемент IX и XI и Бенедикт XIII се обидувале да го вратат карневалот во соодветните верски граници, но немале никакво влијание врз Венеција.Историја на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторијата на венецијанскиот карневал започнува во далечната 1162 година. Венецијанската република го победила Улрико, патријархот на Аквелија и тогаш за да се одбележи победата, започнала традицијата со колење бик и 12 свињи на плоштадот Свети Марко во Венеција. Оваа прослава станувала сè повеличествена и веќе во 1268 година за првпат се забележува употреба на маски.Историја на карневалот во ВенецијаВо 18 век, венецијанскиот карневал го доживеал својот „златен период“. Богати млади благородници доаѓале во Венеција, како дел од нивната Голема Европска турнеја, за да уживаат во карневалот. Сликите на Франческо Гварди и неговите современици и дневниците на Џакомо Казанова биле најпознатите симболи на тоа време.Историја на карневалот во ВенецијаВо текот на 1930-тите години, карневалот постепено почнал да исчезнува заради забраната што ја издал Мусолини. Во 1979 година, група Венецијанци и љубители на Венеција одлучиле повторно да ја оживеат традицијата на карневалот. За неколку години, маскираните Венецијанци станале симбол на Венеција во зимскиот период.Историја на карневалот во ВенецијаМаските изработени за венецијанскиот карневал се уникатни. Најпознати маски се оние кои ги претставуваат ликовите од италијанската „Commedia dell’Arte“, како и познатите бели маски со долг клун што всушност го претставуваат докторот кој се бори против чумата. Денес изработката на маски во Венеција е посебна индустриска гранка.Историја на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во ВенецијаИсторија на карневалот во Венеција


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Нина Reply

    Прекрасно.

  2. Anicka Reply

    Најпрекрасна традиција,морам да признаам. И само една исправка францускиот израз Mardi gras во превод е мрсен вторник 🙂

  3. Ankica Reply

    Brat mi bese na karnevalot.Mi donese i maska (preubava e)

Остави коментар