Никој не се чувствува добро кога некој ќе го одбие за нешто, особено кога станува збор за одбивање од личноста на која не можете деноноќно да престанете да мислите. Во секој случај, доколку станете свесни за позитивниот и негативниот исход од таквото одбивање, ќе сфатите дека еден ваков неуспех не значи дека треба да се чувствувате посрамотено и потиштено. Сите луѓе во светот морале да се соочат со одбивање во некои периоди од нивните животи, па затоа прифатете го како составен дел од животот, исправете се гордо и почитувајте се себеси. Прочитајте ги овие 6 начини за справување со разочарувањето, кога некој ќе одбие да биде во љубовна врска со вас.rnrn
rn
1. Дистанцирајте се од проблемот
rnУчењето како да се справите со одбивање не е лесна задача, но ако научите како да се дистанцирате од ситуацијата, може да се чувствувате многу подобро. Размислувајте на нешто друго, не дозволувајте да ве понесат негативни мисли. Запомнете дека без разлика што овојпат личноста која сте ја посакувале одбила да излезе со вас на состанок, наредната што ќе ја запознаете може ќе биде онаа вистинската за вас.rn
2. Размислете зошто сте одбиени
rnЕдна од најголемите лекции кои треба да ги научите кога некој од спротивниот пол ќе ве одбие, е да се запрашате себеси зошто тоа се случило. Дали можеби вие сте згрешиле нешто? Дали со некоја ситуацијата сте требале подобро да се справите? Ставете се себеси во чевлите на таа личност и помислете каква би била вашата реакција на ситуацијата. Заклучокот кој ќе го донесете од вашето размислување можеби ќе ви помогне да не ја повторите истата грешка во иднина, без разлика дали сте биле или не сте биле главните виновници што работата лошо се завршила.rn
3. Бидете свесни за вашите емоции
rnНе можете некого да принудите да биде со вас ако не сака. Понекогаш едноставно не постои доволно високо ниво на привлечност, можеби личноста која ви се допаѓа сѐ уште не може да го преболи бившиот партнер или едноставно сака да остане сингл. Секогаш постои причина зошто некој ви кажува „не“, а проблемот може воопшто да не се крие во вас. Искористете го времето за себе додека не се појави некоја нова личност во вашиот живот и размислете добро што е она што ве доведе до ваква состојба.rn
4. Споделете го искуството со пријателите
rnПостои причина зошто луѓето сакаат да имаат пријатели: за да имаат со кого да поразговараат за убавите, но и за неубавите случувања во животот. Јавете им се на вашите најдобри пријатели или седнете на разговор со вашиот брат/сестра и испразнете си ја душата. Ќе се чувствувате многу подобро откако некој ќе ве ислуша и разбере низ што поминувате.rn
5. Останете активни
rnСамо затоа што некој одбил да излезе со вас не значи дека дошло крајот на светот. Без разлика што можеби ве фаќа депресија и во моментот мислите дека никој не ве сака, реалноста е поинаква. Има многу луѓе кои би сакале да излезат со вас, но можеби сѐ уште не сте ги запознале. Најдобриот начин да се изборите против деструктивноста е да останете активни. Редовно спортувајте, слушајте гласна музика, пејте под туш, излегувајте во град . Правете сѐ што ќе ви ги оттргне мислите од таа личност.rn
6. Концентрирајте се на себе
rnДа речеме дека вашето сценарио изгледало вака: веќе подолг период сте „затрескани“ во некоја личност и конечно сте собрале храброст да ја викнете на кафе. Притоа таа личност ве одбива и си заминува од вашиот живот оставајќи ве со скршено срце. Но, да бидеме реални, ова одбивање може и да ви го олесни, а не да ви го искомплицира животот. Ако таа не била вистинската личност за вас и вие двајца сте почнале да излегувате, секако после неколку месеци ќе сте сфателе дека не сте еден за друг и ќе сте биле уште поразочарани и со скршено срце. Наместо да очајувате, закажете си професионална масажа, отидете во сауна или на шопинг. Правете го она коешто најчесто ве разведрува и прави да се чувствувате добро во врска со себе. Сакајте се себеси и бидете сигурни дека тоа некој ќе го забележи и ќе го смета за секси.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
