Кои биле најзначајните египетски богови и каква била нивната улога?
Египетската митологија се засновува врз верувањето во светите животни. Повеќето од древните египетски божества биле прикажани со човечки тела и глави на животни. Еве дел од нив кои се познати и денес:
Амон – првично бил бог на градот Теба и бил почитуван како бог на плодноста. За време на владеењето на 18-та династија, Амон станал врховен бог на целиот Египет и почнал да се идентификува со богот на сонцето, Ра, но истовремено и задржал посебен култ.
Ра – богот на сонцето чиј културен центар бил Хелиополис. Станува збор за божество кое умира секоја вечер, патува низ подземјето, се бори со својот заколнат непријател и одново се раѓа секое утро. Претставен е со сончев диск и со глава на сокол или овен.
Апеп – преставен е со змија која симболизира хаос и уништување. Станува збор за непријателот на богот Ра кого го напаѓа секој ден.
Нун – персонификација на водениот амбис кој постоел уште на почетокот на времето, кога се родил богот Амон Ра.
Нут – божица на небото. Нејзиниот близнак и сопруг е Геб, а нејзините деца се Озирис, Сет, Изида, Нефтис и според некои верзии, Хорус.
Геб – бог на земјата. Сопруг и брат на Нут, честопати бил нарекуван и „татко на боговите“. Ова не му се допаднало на Ра кој му наредил на Шу да ги раздели при што биле создадени просторот и светлината.
Шу – богот на ветерот и воздухот. Тој бил син на богот Амон Ра и брат близнак на божицата Тефнут. Се сметал за еден од најмоќните богови.
Тефнут – божица на водата, дождот и влагата. Ќерка на Амон и сестра на Шу со која како мала се изгубила во водите на Нун. Нивниот татко го испратил своето око кое кога ги пронашло плачело од среќа, а според друга верзија на старите Египќани од тие солзи се родиле првите луѓе.
Озирис – најпрвин се сметал за бог на вегетацијата и земјоделството, а потоа за бог на подземјето. Тој е син на Геб и Нут како и сопруг и брат на Изида која со помош на Нефтис ги пронашла неговите расфрлани делови од телото и му вдахнала живот.
Сет – бог на пустините, хаосот и бурите. Најчесто е претставен со глава на волк или шакал, а неговата сопруга била Нефтис. Секогаш бил љубоморен на својот брат Озирис, па во една прилика го убил.
Изида – божица на љубовта, медицината и плодноста. Освен тоа, таа се смета и за врховно божество на древниот Египет. Се појавува како моќна волшебничка во многу приказни, а Египќаните најчесто ја претставувале со хиероглифски знак на главата. Таа е сопруга и мајка на Озирис, но и на Хорус. Била толку ценета што нејзиниот култ се проширил во Грција и Рим.
Хорус – бог на небото и син на Изида и Озирис. Се смета за едно од најстарите египетски божества. Старите Египќани го прикажувале со глава на сокол. Според митологијата, тој морал да се одмазди за убиството на својот татко, па така се борел со Сет и го победил.
Нефтис – заштитничка на мртвите и задолжена за погребните ритуали. Нејзиното име значело „господарка на домот“. Честопати е прикажувана заедно со нејзината сестра Изида бидејќи и двете биле заштитнички на мумиите.
Откако прочитавте за најважните египетски богови, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те изуми на древните Египќани без кои не можеме денес.
Извор: nationalgeographic.rs