Сушеното овошје веќе долго време се користи како извор на витамини и минерали што можат да траат во текот на целата година. Постојат записи дека тоа било присутно во арапската и персиската култура пред повеќе од илјада години. Сушеното овошје било дел од исхраната на многу древни цивилизации и бил добар извор на енергија, особено во случај на долги патувања и миграции. Без разлика дали се додава во леб, овесни снегулки, колачи или се консумира самостојно, сувото овошје е несомнено популарно и ден-денес во целиот свет.rnrn
rnrnПостојат различни методи за сушење овошје. Еден од најстарите е да се остави овошјето да се суши на сонце, па повремено да се превртува за водата подеднакво да испари. Печењето во рерна го забрзува процесот на сушење, но на овој начин овошјето лесно може да се изгори особено ако не внимавате. Посовремените методи ја вклучуваат и употребата на дехидратори за храна што придонесуваат за уништување на речиси сите штетни микроби на овошјето.rnrnБез оглед на методот што ќе се користи за сушење, крајниот производ е подолготрајна храна, поотпорна на расипување и многу вкусна како и исклучително популарна кај нас особено за време на пост. Но дали сушеното овошје е здраво? Ќе ви предложиме кое сушено овошје треба да биде присутно на вашата трпеза особено во есенскиот период.rn
Суви кајсии
rnДодека сезоната на свежите кајсии трае само во текот на летните месеци, сувите кајсии се достапни цела година. Од сите типови сушено овошје, сувите кајсии се карактеризираат со најголема количина на бета-каротин, антиоксиданс што ги подобрува мозочните функции и го намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2. Треба да се спомене дека нашите тела имаат способност да го претворат бета-каротинот во витамин А што придонесува за зајакнување на имунитетот. Сувите кајсии изобилуваат со диетални влакна, калиум, витамин Е и бакар. Доколку сте чувствителни на сулфити, конзерванси што го зголемуваат рокот на траење на овошјето, побарајте суви органски кајсии што не биле третирани со овој конзерванс. Тие се кафеави по боја, наспроти вообичаените суви кајсии што се светло портокалови.rnrn
rn
Суви смокви
rnОвие непроценливи плодови што доаѓаат од топлиот Медитеран изобилуваат со калциум и претставуваат одлична замена за млечните производи. Замислете, половина чаша суви смокви содржи 7 грама диетални влакна. Неодамнешно истражување покажало дека консумирањето храна богата со диетални влакна, како што се сувите смокви, може да влијае врз подобрена функција на цревниот микробиом што од друга страна го подобрува менталното здравје и ја ублажува вознемиреноста.rnrn
rn
Суви вишни
rnМожеби и не се толку популарни кај нас, но сувите вишни се богати со полифенолни антиоксиданси што се борат против слободните радикали кои ги оштетуваат здравите клетки во телото. Тие можат да ги ослабнат клетките што придонесуваат за распаѓање на коските, па затоа сувите вишни треба задолжително да бидат присутни во вашата исхрана доколку тренирате. Консумирањето суви вишни може да доведе до намалување на болката во мускулите, но и да биде превенција од воспаление. Освен тоа, сувите вишни изобилуваат со витамин Ц и бета-каротин. Бидејќи не секогаш можете да ги најдете, ви препорачуваме да ги исушите во рерна што има функција за сушење храна.rn

rnrn
Урми
rnПокрај тоа што се богати со витамини и минерали (вклучувајќи витамин Б, витамин К, калциум, железо, магнезиум, калиум, цинк и манган), урмите се богати и со антиоксиданси кои можат да го намалат ризикот од оксидативен стрес. Оксидативниот стрес се појавува во случај на нерамнотежа помеѓу слободните радикали и антиоксидансите во телото и може да доведе до нарушување на имунитетот. Урмите исто така содржат противвоспалителни и антимикробни соединенија што можат да играат важна улога во борбата против заразни болести.rnrn
rn
Суви сливи
rnИако истражувањата покажале дека влакната што се наоѓаат во сувите сливи можат да ја зголемат фреквенцијата на столицата, сепак добро е да се знае дека се одличен избор во случај на нередовна и тврда столица. Тие придонесуваат и за регулирање на крвниот притисок. Сувите сливи се значителен извор и на витамин Б што придонесува за правилен протеински метаболизам. Важно е да се знае дека биоактивните антиоксиданси што се содржат во ова овошје го подобруваат здравјето на коските.rnrn
rnrnЗа крај, важно е да се напомене дека сувото овошје содржи многу повеќе калории од свежото, па затоа е неопходно да се консумира во мали количини. Препорачливо е да се консумира секој ден, но не повеќе од една шака дневно.rnrnОткако дознавте повеќе за здравствените придобивки на сувото овошје, ви препорачуваме да го прочитате рецептот за посни бомбици со суво овошје.
