КАФЕ ПАУЗА

10 правила што (не) треба да ги следат првите дами

10 правила што (не) треба да ги следат првите дами

Како сопруги на претседателот, првите дами на Америка мора да се придржуваат до одредени правила што ги носи животот во Белата куќа. Тоа подразбира многубројни привилегии, но и должности, па дури и некои ограничувања што првите дами мора да ги почитуваат.rnrn10 правила што (не) треба да ги следат првите дамиrn

1. Дозволено им е да уредуваат само дел од Белата куќа

rnПрвата дама смее да даде личен допир во уредувањето на делот од Белата куќа каде што живее, на вториот и на третиот кат, а во другите простории тоа не е дозволено. Ова најмногу се однесува на историските простории што му припаѓаат на американскиот народ, а не на семејствата што живеат во Белата куќа. Ако сака да промени нешто во овие историски апартмани за гости, како што е спалната соба на Линколн или кој било друг отворен простор што се наоѓа на приземјето или на првиот кат, првата дама мора да побара дозвола од Комитетот за зачувување на Белата куќа.rn

2. Не смеат да прифаќаат подароци од странски влади

rnПодароците што американскиот претседател и првата дама ги добиваат од странски влади се сметаат за подароци на САД, а не на нивното семејство. Постојат некои исклучоци (на пример, ако подарокот е од мала парична вредност), но со повеќето од овие подароци управува Националната управа за архиви и евиденција.rn

3. Не смеат да ги отвораат прозорците во Белата куќа

rnВо интервју за Опра Винфри, поранешната прва дама Мишел Обама откри дека не е дозволено да се отвораат прозорците во Белата куќа. Нејзината ќерка Саша еднаш го отворила својот прозорец и веднаш почнала да прима повици со предупредување веднаш да го затвори прозорецот.rn

4. Тие треба да си ги платат личните трошоци

rnОд семејството на американскиот претседател се очекува сами да си ги платат трошоците за храна, облека и средства за хигиена. Секој месец, канцеларијата на сметководителот подготвува фактура со сите трошоци, што се доставува до претседателот и до првата дама.rn

5. Смеат да прифатат дизајнерска облека како подарок, но има „финта“

rnАко некој дизајнер им подари облека на претседателот или на првата дама, тие смеат да ја носат само еднаш и потоа треба да ја донираат. Фустаните што ги носеа Меланија Трамп и Мишел Обама на инаугурацијата ги донираа на институцијата Смитсонијан. Секако, на првите дами им е дозволено да купуваат дизајнерска облека, но од нив се очекува да ја платат целата цена.rn

6. Не смеат да возат

rnХилари Клинтон и Мишел Обама признаа дека за време на животот во Белата куќа им недостасувало да возат автомобил самостојно. Дури и по напуштањето на Белата куќа, Мишел откри дека Тајната служба сè уште не ѝ дозволувала да вози сопствен автомобил.rn

7. Не добиваат плата за својата работа во Белата куќа

rnТоа е всушност паметен политички потег. Белата куќа многу зависи од неплатениот и неофицијален статус на првата дама. Тоа има и предност – може да ја искористат личноста што изгледа аполитично, без никакво учество во политички резултати.rn

8. Од нив се очекува да се занимаваат со добротворна работа

rnОд секоја прва дама се очекува да се вклучи и да се занимава со некои социјални прашања. Лејди Берд Џонсон прва ја започна официјално оваа традиција така што се занимавала со заштита на животната средина, но и првите дами пред неа учествувале во хуманитарна работа.rn

9. Може да ја задржат својата работа

rnПрвите дами Сара Полк, Еленор Рузвелт и Бес Труман работеа додека нивните сопрузи беа претседатели. И новата прва дама, Џил Бајден, изјави дека има намера да продолжи да предава на колеџ, дури и откако ќе се пресели во Белата куќа со својот сопруг Џо Бајден.rn

10. Не мора да живеат во Белата куќа

rnМеланија Трамп не се пресели во Белата куќа веднаш по инаугурацијата на Доналд Трамп во 2017 година за нивниот син Барон да не мора да ја прекинува тековната учебна година, па Меланија остана со него во Њујорк сè додека не заврши учебната година.rnrnПрочитајте ги овие 10 приказни од животот на првите дами што докажуваат дека секоја жена има тајни.