6 начини да одговорите на незгодните прашања што ви ги поставуваат за време на интервјуто за работа
Повеќето луѓе што бараат работа не ја сакаат фразата „ќе бидеме во контакт“ затоа што тоа се перципира како помека верзија на „вие не сте вистинскиот за нас“. Поради тоа, по секое неуспешно интервју, се прашувате што точно не му се допаднало на работодавецот кај вас. Дали ви недостасува искуство или работодавецот не ги цени вашите вештини? Или можеби не требаше да бидете толку искрени за своите несовршености? Во продолжение прочитајте кои се најнезгодните прашања што може да ги слушнете на интервју за работа и каков одговор да дадете.
„Кои се вашите слабости?“
Не шегувајте се со своите слабости и не смејте се, туку искрено признајте ги. Најдобрата работа за лицето што ве интервјуира ќе биде да види како ги претворивте своите слабости во предности. На пример, пред една година владеењето на англискиот јазик ви беше прилично лошо, но се пријавивте на јазични курсеви и сега можете течно да зборувате англиски. Нема совршени и беспрекорни луѓе, а работодавецот ќе го цени вашиот зрел пристап и тоа што ги признавате своите несовршености и работите напорно на нив.
„Како би ве опишале вашите колеги?“
Можеби некоја личност ќе сака да каже нешто саркастично или отворено да се пофали себеси кога одговара на вакво прашање, но треба да се обидете да не го правите тоа. Целта на работодавецот е да открие дали кандидатот може разумно да се оцени себеси однадвор. Можете да одговорите на прашањето на следниов начин: „Мислам дека луѓето најмногу ценат … кај мене“ и да ги наброите вашите силни страни. Дали сте секогаш подготвени да помогнете кога колегите не можат да направат нешто? Совршено, зборувајте за тоа. Овој одговор нема да изгледа како да се фалите, туку тоа е уште една шанса да ја покажете вашата добра страна.
„Да бевте овошје, што ќе бевте?“
Поентата на овие апстрактни прашања е да се види реакцијата на кандидатот: дали ќе се збуни, ќе го отфрли прашањето или ќе каже дека не го разбира. Сето тоа може да му покаже на работодавецот како ќе се однесува потенцијалниот вработен во неочекувани ситуации на работа. Нема точен одговор на овој вид прашање. Не е важно дали ќе изберете портокал или јаболко (сепак, ако именувате некое егзотично овошје, работодавецот може да го цени вашето нестандардно размислување). Најважно е да не почнете да се чувствувате нервозно, туку да одговорите смирено, со насмевка и да го објасните вашиот одговор.
„Опишете се со еден збор.“
Можете да користите и придавки и именки за да се опишете. Не избирајте ги по случаен избор, туку наместо тоа, изберете ги врз основа на вашата идна позиција. Дали целите на позицијата раководител на одделот? Ако да, тогаш одговорете: „Водач“. Постојат и универзални одговори како „реалист“ или „екстроверт“.
„Ако престанеме да ви плаќаме, дали ќе продолжите да работите кај нас?“
Обично, кандидатите одговараат „да“ затоа што сметаат дека токму тоа го очекува потенцијалниот работодавец од нив – целосна посветеност. Во реалноста, работите се малку поинакви – работодавецот најверојатно сака да најде вработен кој ја знае вредноста на своите професионални вештини. Затоа, вистинскиот одговор е „не баш“.
„Дали имате прашања?“
Интервјуто најчесто завршува со ова прашање. Би било совршено ако се подготвите за тоа и ако одлучите за што ќе го прашате работодавецот. Не поставувајте прашања за работи за кои можете лесно да ги најдете одговорите во описот на работното место или на веб-страницата на компанијата. Од друга страна, ако не поставувате прашања, тоа може да биде предупредување за работодавецот. На пример, можете да се обидете да дознаете зошто претходниот вработен кој бил на таа позиција заминал – тоа ќе ви помогне да убиете две муви со еден удар: ќе покажете дека поседувате аналитички вештини и ќе можете да ги избегнете грешките на вашиот претходник кога ќе започнете со работа.
Прочитајте кои 5 реченици откриваат дека не сте ја добиле работата.