Прекрасната магнолија: Најубавата цветна крошна која ќе ве остави без здив

Прекрасната магнолија: Најубавата цветна крошна која ќе ве остави без здив

Сцената што никого не остава рамнодушен на пролет, е со расцветани магнолии.

Прекрасната магнолија: Најубавата цветна крошна која ќе ве остави без здив

Ова прекрасно дрво е толку магично што ги восхитува сите оние што му се приближуваат.

Ако некогаш сте прошетале покрај магнолии, тоа сигурно не поминало незабележано.

Магнолиите се многу привлечни цветни растенија од семејството Magnoliaceae. Постојат повеќе од 200 видови магноли кои се разликуваат по големина, форма, боја на цвет и вид на живеалиште. Дрвјата магнолија потекнуваат од Југоисточна Азија и Северна Америка, но заради нивната убавина, тие се рашириле на скоро секој континент.

Прекрасната магнолија: Најубавата цветна крошна која ќе ве остави без здив

Магнолијата обично расте на кисела почва богата со хранливи материи, во области каде што им се обезбедува доволно влага и сончева светлина. Тие често се садат во паркови и терени за голф заради нивниот убав изглед и способноста да обезбедат сенка.

За жал, некои видови магнолии се соочуваат со неизвесна иднина како резултат на загубата на насади заради зголемената активност на човекот.

Соулангелова манолија

Прекрасната магнолија: Најубавата цветна крошна која ќе ве остави без здив

Најпознатиот, најпосакуван и распространет вид на магнолија е оној со бели и розови цветови. Тоа е вид наречен Соулангелова магнолија (Magnolia soulangeana).

Овие магнолии, по својата убавина, ги освојуваат срцата на минувачите. Висината на дрвото е од 6 до 10 метри, а дијаметарот на крошна, која е украсена со бело-розови цветови до 5 метри.

Идеален украс за дворот

Прекрасната магнолија: Најубавата цветна крошна која ќе ве остави без здив

Сулонгевата Магнолија е вкрстена од 2 вида, Magnolia denudata и Magnolia liliflora, кои се од азиско потекло.

Ова дрво добро се прилагодува на различни услови, и обично цвета во март и април, пред да почне да листа. Цветовите се бели однатре и розови однадвор, миризливи и широки 10-12 сантиметри и имаат форма на чашка.

Овој род на листопадни, полу зимзелени или зимзелени дрвја и грмушки е целосно отпорен на мраз. Потребно им е сонце или полу-сенка и засолниште од силни ветрови. Тие најдобро напредуваат на плодната, добро наводнувана почва, богата со хумус.

Она што треба да имате во предвид е дека магнолијата бавно расте, така што нема да цвета некое време откако ќе ја посадите. И на крај, магнолија бара минимално одгледување, што обично значи отстранување на исушените и оштетените гранки.

Ако сте обожавател на магнолии, можеби овие информации ќе ги сметате за интересни:

Прекрасната магнолија: Најубавата цветна крошна која ќе ве остави без здив

– Магнолиите се праисториски. Врз основа на фосилите, откриено е дека примероци манголија постоеле пред најмалку 20 милиони години. Исто така, постојат растенија идентификувани како Magnoliaceae стари 95 милиони години.

– Кората на Magnolia officinalis се користи во кинеската традиционална медицина за подобрување на здравјето на белите дробови и лекување на вознемиреност.

– Магнолиите може да из’ртат од семе, но може да биде потребно повеќе од 10 години за да започне да цвета.

– Magnolia grandiflora и Magnolia wieseneri имаат најмиризливи цветови.

– Големината на дрвото магнолија зависи од видот. Помалите видови се високи околу 4 и пол метри, додека поголемите видови растат до 25 метри во висина.

– Бојата на цветот може да биде бела, жолта, розова, виолетова и зелена боја, во зависност од видот.

– Цветовите од магнолија имаат пријатен мирис што потсетува на тропско овошје.

– Главните опрашувачи на магнолијата се пчелите.

– Магнолија може да живее повеќе од 100 години.

– Именувана е по францускиот ботаничар Пјер Магнол.

Можеби сакате да ги прочитате и 4-те причини зошто треба да имате цвеќе во вашиот дом.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар