КАФЕ ПАУЗА

6 трикови со кои ќе ги решите болните поткожни влакна

6 трикови со кои ќе ги решите проблемите со болните поткожни влакна

Сите жени кои ги отстрануваат своите влакна со брич или восок, имаат проблем со поткожните влакна неколку дена по нивното третирање бидејќи нивната кожа е полна со ситни, црни точки. За некои, тие може да претставуваат голем проблем, кој се обидуваат самите да го решат, но наместо да експериментираат, треба да пробаат некои од поефикасните и помалку болни начини за спречување на нивната понатамошна појава.rnrn6 трикови со кои ќе ги решите проблемите со болните поткожни влакнаrnrnВнатрешните влакна се создаваат кога влакното кое расте останува заробено под површината на кожата, според дерматолозите. Тоа укажува на проблем, бидејќи влакната имаат тенденција да останат под кожата наместо да израснат надвор од неа, што може да предизвика инфекција која може да доведе до појава на мали мозолчиња.rnrnВнатрешно влакно може да се појави кај секого и најчесто тоа е предизвикано од користењето на брич, но и дека најчесто се појавуваат кај жените чие влакно е „грубо“ и виткано.rnrnКако да се спречи појавата на внатрешни влакна?rn

1. Користете производи за тело со гликолна или млечна киселина

rnВнатрешните влакна може да се појават кога фоликулот на влакното се соединува со мртвите клетки на кожата, а решение за нив се редовните пилинзи на телото.rnrnПилинзите помагаат да се спречи појавата на поткожни влакна со тоа што мртвите клетки на кожата ќе се „исфрлат“ на нејзината површина. Како и кај проблемите со акните, гликолната киселина ја разградува мешавината од себум и мртви клетки кои создаваат бариери на влакната, па така тие може многу полесно да стигнат до површината на кожата без да дојде до иритација.rnrnКај кожата со потемен тен, неразвиените влакна може да остават и неестетски пигментациски белег, но редовната употреба на гликолна киселина (пр. млеко за тело со гликолна киселина) прави чуда.rn

2. Правете пилинг на кожата со салицилна киселина

rnСалицилната киселина не е идеална само за оние кои имаат проблем со акни, туку е одлична и за спречување на појавата на внатрешни влакна и отстранување на веќе појавените.rnrnБХА киселината (бета хидрокси киселина), продира длабоко во порите на кожата и ги отстранува мртвите клетки.rnrnБХА ја прави кожата попропустлива за „непречен“ раст на влакната, а исто така има и антиинфламаторни својства, така што го намалува црвенилото кое неразвиеното влакно го предизвикува, а според дерматолозите, има и силни антибактериски својства, кои помагаат да се намали ризикот од инфекција.rn

3. Користете четка или ракавица за тело

rnКако што стареете, вашата кожа сè потешко се справува со процесот на детоксикација, елиминација и природно исфрлање на слојот на мртви клетки со што се зацврстува површината на кожата и поради тоа влакната остануваат под неа.rnrnЗатоа дерматолозите советуваат да правите брз пилинг со четка или ексфолирачка ракавица пред секое туширање бидејќи тоа го подобрува движењето на клетките, што значи помалку затворени пори и овозможување влакното да расте нормално.rn

4. Отстранете ги мртвите клетки на кожата со „груб“ (механички) пилинг

rnКога времето за туширање е кратко, „грубиот“ пилинг е идеално решение.rnrnКако и пилинзите со киселини, така и оние со груби зрнести состојки помагаат  клетките на кожата да се обноват и да омекнат за преку нив влакната полесно да растат.rnrnАко имате внатрешни влакна на бутовите или бикини зоната, направете пилинг со шеќер кој е понежен на чувствителните делови и користете го еднаш или двапати во неделата за да имате резултати.rn

5. Инвестирајте во ласерско отстранување на влакна

rnАко внатрешните влакна ве вознемируваат и се обидовте неколкупати да се ослободите од нив но ништо не ви помогна, направете ласерско отстранување на влакна со кое ќе го уништите фоликулот на влакното во коренот. Тоа е ефикасен, долгорочен метод за спречување на растот на несакани влакна, но важно е да се напомене дека со ова влакната се потенки и бавно растат, но не се трајно отстранети.rnrnТретманот (дома или во салон) обично треба да се повтори во интервал од 4 недели, а нередовните третмани може да доведат до повторна појава на влакна, како да не сте направиле ниту еден третман.rn

6. На крај, ви преостанува пинцетата…

rnОтстранувањето на внатрешните влакна со пинцета не е идеално, но ако сте се одлучиле за тој метод, изведете го правилно.rnrnПостои безбеден начин за отстранување на внатрешните влакна, но само кога влакното е видливо.rnrnКога внатрешното влакно е близу до површината на кожата, можете да го ослободите од него со специјално дизајнирана пинцета која е токму за тоа намена, но најпрво треба да ја стерилизирате, и да не ја користите на места каде кожата е воспалена или иритирана.rnrnМожеби сакате да прочитате и зошто производите за нега на кожата немаат дејство?rnrn