Родена е првата клонирана мачка во Кина

Родена е првата клонирана мачка во Кина

Клонирањето домашни миленичиња станува сè попопуларно во Кина. Поврзаноста на луѓето со домашните миленичиња е голема, па кој не би сакал да го клонира својот најдобар пријател?

Родена е првата клонирана мачка во Кина

Компанијата „Синоген“, која се занимава со клонирање животни, соопштила дека од 2018 година до првата четвртина на 2019 година, клонирале 40 кучиња. Компанијата планирала за 5 години да започне да клонира и до 500 кучиња годишно.

Неодамна беше објавено дека оваа компанија била прва во земјата која клонирала мачка. Мачето Лук е родено на 21-ви јули од страна на мајка сурогат и тоа носело генетски материјал од мачката која било клонирано.

Претседателот на Управниот одбор на компанијата „Синоген биотехнологија“, Ми Џидунг, изјавил дека зголемената побарувачка за клонирање животни во Кина е поврзана со зголемената побарувачка за миленичиња.

„Пазарот за домашни миленичиња во Кина се развива многу брзо, и моментално околу 100 милиони луѓе поседуваат мачка или куче. Токму оваа група луѓе формирале потреба за клонирање животни, бидејќи сопствениците се врзуваат за миленичињата кои со години живеат со нив. Често не можат да се носат со загубата на своето куче или маче, па бараат да се клонира нивното милениче. Всушност, побарувачката за клонирање отсекогаш постоела, само технологијата претходно не можеше да ја задоволи таа потреба“, изјавил Ми Џидунг.

Цената за клонирање на домашно милениче изнесува околу 32 илјади евра, па не може секој да си дозволи таква услуга.

„Нашите клиенти се луѓе кои се премногу врзани со своите домашни миленичиња, кои имаат разбирање и одредено знаење за овој процес, како и можноста да платат, бидејќи нашите цени не се ниски“, објаснил Џидунг.

Според неговите зборови, здравствената состојба и животниот век на клонираните животни не се разликуваат од животните кои се родени по природен пат.

„Од моментот кога е клонирано првото животно – овцата Доли, поминаа 23 години. Оттогаш луѓето научија како да клонираат мачки, кучиња, како и покрупни животни – свињи и говеда. Практично никогаш немало проблем со ова“, рекол Ми Џидунг.

Според зборовите на професорот од Институтот за ветеринарство во Сичуан, Чен Џенглија, покрај здравјето и животниот век на животното, треба да се земат предвид и неговите карактерни црти.

„Целта на клонирањето сама по себе е добра, но сепак тоа е формирање на потполно нов живот. Клонот може да живее пократко, неговото однесување може да се разликува од однесувањето на претходното животно, а прашање е и дали сопственикот воопшто ќе може да го прифати новото животно“, рекол Чен.

Истовремено, Ми Џидунг објаснил дека нивната компанија досега немала работа со сопственик кој сметал дека клонираното животно се разликува од својот претходник. Иако надворешниот изглед на клонираното животно можел да биде малку поразличен, најважно било клонот целосно да ги наследи карактерните особини од претходното животно.

Прочитајте и за оваа компанија која прави домашни влечки кои изгледаат како миленичињата на купувачите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар