Го освежуваме нашиот тим. Ни треба одговорна, квалификувана и енергична личност која секојдневно ќе го надополнува сајтот со квалитетни и интересни содржини. Доколку ги исполнувате долунаведените критериуми ве охрабруваме да аплицирате.
Потребни квалификации:
- Високо образование (предност имаат кандидатите што имаат завршено новинарски, комуниколошки, јазични студии и книжевност или се при крај со студиите)
- Одлично познавање на англиски и српски јазик (напредно ниво)
- Способност за креативно изразување на македонски литературен јазик
- Широк спектар на интереси и подготвеност за пишување на секакви теми од застапените области на Кафе пауза
- Остро око за детали и способност за воочување пропусти во пишувањето (фактографски, правописни, јазични), како и визуелни и технички недоследности
- Искуство во уредување содржини на веб-сајт: обработка на фотографии, уредување на текст (предност)
- Вештини за одржување на социјални мрежи (предност)
- Спремност за хонорарен ангажман на 25 работни часа неделно (од дома)
- Брзина, навременост, точност и способност за добро планирање на работниот ден
- Исполнителност, посветеност, иницијативност и одговорност
Работни обврски:
- Пишување авторски содржини и обработка на теми прилагодени од странски извори како и секојдневна координација со останатите членови на тимот
- Самостојна работа, што покрај креативно пишување и адаптација на превод, вклучува: проверка на факти, почитување на правописните правила, обработка на фотографии и веб-уредување
- Одржување на профилите на социјалните мрежи и комуникација со публиката
- Преземање одговорност за објавените содржини и справување со евентуалните пропусти и забелешки од страна на публиката
- Останати сродни активности во склоп на работното место
Доколку се пронаоѓате во напишаното, испратете ни ги вашето резиме, писмо за мотивација и два ваши текстови на admin[at]kafepauza.mk со назнака Aplikacija za novinar-urednik во полето за предмет на пораката најдоцна до 13.10.2019.
По изборот на кандидати во потесен круг, ќе следува тестирање и интервју.
Напомена: Работното место не е соодветно за апликанти кои имаат вработување со полно работно време на друго место.