Факти и митови за здравјето во летниот период
Повеќето од нас веруваат во мислењата на пријателите, како и на податоците од Интернет. За жал, иако постојат многу добри совети, сепак подобро е на медицинските да не се обрнува многу внимание. Секој доктор има приказна за тоа како некој негов пациент се лечел со д-р Гугл, но тоа лечење било неуспешно, па дури и му се влошиле симптомите.
Во секој случај, читајќи ги советите на форумите, ќе забележите дека медицинските митови се насекаде. Летната сезона е особено погодна за нивното ширење. Во продолжение прочитајте со кои митови најчесто се среќаваме и која е вистината зад нив…
За да се избегне вагинална инфекција во базенот, најдобро е да се капите со тампон
Лага – тампонот не нè штити од контакти со микроорганизми, баш напротив, тој е добра подлога за бактерии доколку не се менува често. Најдобра заштита од инфекции се превентивните вагинални пробиотици со хранливи материи, кои се ставаат на секој 3-ти ден. Што ако инфекцијата се наоѓа во вулвата, вагината и грлото на матката? Во ваква ситуација се користат препарати кои содржат бензидамин хидрохлорид. Болка, печење при мокрење, чешање, вагинален исцедок, црвенило и оток се првите симптоми на кои треба брзо да се реагира. Воглавно, девојките кои јадат благо и брза храна се посклони на вагинални инфекции.
Во летните жешки денови е невозможно да настинете
Лага – вирусите се активни во текот на целата година. Поголеми се шансите да подлегнеме на нив во зима, бидејќи ладното време е фактор кој го ослабува имунитетот. За жал, сè почесто сме изложени на инфекции и во летното време, дури и ако користиме системи за климатизација, што често премногу ги намалуваме температурите во домот, канцеларијата или автомобилот. Климата треба да се намали само за неколку степени во однос со надворешната температура. Доколку разликата е голема и влегуваме во ладни простории, ризикуваме да ни се намали имунитетот, а со тоа се зголемуваат шансите за добивање инфекции.
Носењето очила за сонце можат да го оштетат видот
Вистина – меѓутоа станува збор за очила кои немаат УВ филтри. Темните очила за сонце овозможуваат зениците да се заштитат кога е премногу светло. Но, доколку очилата немаат УВ заштита, тогаш штетното зрачење може да им наштети на очите. Оштетувањето на очите се случуваат бавно, но со честото носење вакви очила тоа е неповратно.
Допирањето на коприва по телото, има позитивно влијание на здравјето
Вистина – при телесен контакт со оваа билка се произведува хистамин. Научниците објаснуваат дека при допир со коприва, телото прима сигнали и станува одбранбено. При што, доаѓа до самолекување на иритираните места. Копривата ги иритира нервните рецептори и го форсира телото да го стимулира имунолошкиот систем.
Консумирањето ладни пијалаци предизвикува фрганигитис
Лага – студеното само по себе не е доволно да предизвика инфекција, потребни се бактерии и вируси. Доколку сте здрави, без никаква грижа можете да консумирате замрзнати пијалаци. Меѓутоа, лесно може да се ослаби слузницата на грлото и при краток контакт со бактерии може да доведе до болест.
Може да се прелади мочниот меур со седење на ладен под
Вистина / Лага – инфекцијата на мочните канали не доаѓа од седењето на камен, туку од самото ладење на телото, што во комбинација со ослабен имунитет може да доведе до појава на инфекција. Луѓето со слаб имунитет, при кратко стоење во ладна просторија или пак при шетање со обувки без влошки, одвреме-навреме можат да осетат притисок во мочниот меур. Покрај вишокот на шеќери во исхраната и јадењето на преработена храна, причината за слаб имунитет начесто е премногу ниското ниво на витамин Ц, Д3, Е како и недостатокот на селен и цинк, и дехидрација предизвикана од прекумерното пиење кафе и чај.
На егзотичните места најдобро е со секој оброк да се консумира алкохол
Лага – ваквата дезинформација сè уште е популарна, но сепак не помага во отстранувањето на бактериите. Алкохолот се апсорбира во стомакот, а амебите се прошируваат во дванаесетопалачно црево и другите црева. Меѓутоа, пиењето високо процентен алкохол со оброк на вакви места е подобра варијанта од водата, бидејќи помага при варење на храната. Германски научници докажале дека лачењето на дигестивните киселини е поттикнато од недестилираниот алкохол (вино, пиво и шампањ). Дестилираниот алкохол (вотка, виски, коњак, рум) не предизвикуваат зголемена секреција на дигестивните киселини, а консумирањето поголема количина ги влошуваат или целосно ги запираат дигестивните процеси.
Во топлите денови вреди да се носат миризливи влошки
Лага – долготрајниот контакт со ароматизирана облога и ограничувањето на кислород, може да доведе до инфекција, посебно кај девојките кои имаат зголемена количина на секрет. На површината на влошката се создава гел кој е погоден за сите патогени бактерии, особено за оние кои сакаат топло и влага. Доколку немате вагинален исцедок, најдобро е да носите само долна облека од чист памук.
Облоги од млеко и јогурт помагаат при изгорена кожа
Вистина – секоја ладна облога доведува до намалување на температурата, а млечните производи дополнително ја штитат надразнетата кожа, благодарение на протеините кои помагаат во зараснување на раните. Можете да користите обично млеко, но и кисело млеко бидејќи ја смирува и навлажнува кожата и спречува при создавањето пликови. Освен млечните производи, при изгореници на кожата од сонце, можете да користите и јаболков оцет. Тој има атстрингентни и анти-инфламаторни својства, и се користи по туш и во мали количини. Силниот црн чај со ментол исто така може да ви помогне. Танините го забрзуваат зараснувањето, а ментолот го намалува чувството на горење.
Не постои ризик од инфекција по првиот ден по каснување од крлеж
Лага – не постои гаранција дека по каснувањето крлежот не успеал да ве инфицира. Покрај тоа, никогаш не можете да знаете колку долго се хранел. Доколку крлежот има КЗМ вирус, тој веднаш по каснувањето го пренесува. Бактериите од лајмската болест обично живеат во цревата, но доколку крлежот се хранел извесно време, тогаш батериите ќе имаат плунковни жлезди, што значи дека можат лесно да влезат во крвотокот. После секоја прошетка проверете го своето тело. Доколку пронајдете крлеж, отстранете го што е можно побрзо.
Прочитајте ги и овие 5 митови за сончањето што мора да ги знаете!