5 кризи низ кои минува секоја жена во животот
Секој човек во одреден дел од својот живот доживува криза предизвикана од најразлични околности. Човекот треба да биде способен да се прилагоди на секоја промена. Способноста да се прифати животот таков каков што е, пронаоѓајќи позитивни аспекти, се карактеристики на зрел човек. Жените, за разлика од мажите, гледаат поинаку на кризите, и поминуваат малку полесно. Па, како полесно да се справите со криза, излегувајќи од неа среќни и поискусни? Психолозите дефинирале 5 кризи, кои секоја жена ги поминува во својот живот, давајќи и решение за истите.
1. Дете во пубертет
Ова е нова фаза во вашиот живот. Вашата малечка ќерка, повеќе не е мало дете. Телото ѝ се менува, а тоа ѝ влијае и на личноста. Во овој период се случува и првата љубов, која често завршува лошо. Како да се справите со ова?
Доколку вашата ќерка е на возраст од 12 до 18 години и поминува низ пубертет, многу е важно да ѝ бидете поддршка. Според мислењата на психолозите, многу од децата не им веруваат на своите родители, што предизвикува потешкотии во приближувањето на родителите до своите деца во овој период. Не ѝ давајте ултиматум на вашата ќерка и не ја казнувајте дури и ако имате различни ставови. Баш напротив, ставете ѝ до знаење колку ви значи и колку таа вреди. Добро би било во овој период и таткото да ја даде неговата поддршка.
2. Криза во 30-тите години
Во овој период, возрасната жена веќе ги забележува првите промени на себе. Доколку нема сопруг, започнува да се сомнева во способноста да пронајде љубов и да создаде семејство. Започнуваат прашањата за егзистенција: „Зошто постојам? Која е поентата на животот?“. Жената во овој период одеднаш може да почувствува товар поради годините. Како да се справите со ова?
Како прво, водите грижа за вашето здравје: спортувајте и хранете се здраво. Доколку работите на компјутер, не ги заборавајте кратките 5-минутни паузи на секој час. Како второ, најлошото нешто што можете да го направите во овој период е да се препуштите на стереотипите и да започнете да го организирате својот живот, како барањето сопруг и раѓањето деца, доколку вие не се чувствувате така. Подоцна може да се појави незадоволство и чувство дека сте пропуштиле нешто важно во животот. 30-годишната криза ни помага да сфатиме дека животот е краток и треба да научиме да ги искористиме сите моменти, бидејќи времето не може да се врати.
3. Криза во 40-тите години
40-тите години се сметаат за симболичен пола живот.
Во овој период жената почнува да ги сумира своите достигнувања и се појавуваат болните споредувања. Нејзината пријателка родила 3 деца, додека таа ниедно. Нејзината другарка станала генерален директор, додека таа сè уште е менаџер. Доколку жената се занимава со работа која не ја прави среќна, нејзиниот умор од животот расте. Како да се справите со ова?
Доколку западнете во кругот на споредувањата, ништо нема да може да ви помогне. Размислете дали би биле спремни да го посветите својот живот на кариерата? Доколку немате деца, а ништо не сте направиле за да ја смените ситуацијата, можеби треба да признаете дека се чувствувате пријатно во животот кој го имате. Гледајте си го само вашиот живот и имајте на ум дека имате право на свои желби и одлуки.
4. Криза во 50-тите години
Жените во овој период се приближуваат кон менопауза, која често предизвикува влошување на физичката благосостојба и намалување на расположението. Може да се појават чувства дека таа немала време да направи нешто важно во својот живот, посветувајќи им се на своите деца, сопруг и работа. Како да се справите со ова?
Треба да запомните дека овие стравови се предизвикани од хормонските промени. Љубовта и чувствата ќе останат со нас до крајот на животот, но никогаш нема да бидат силни како во младоста. Прифаќањето на вашите години и способноста да живеете со нив во хармонија не го затвораат емоционалниот свет, напротив, повторно го отвораат.
5. Криза во 70-тите
По менопаузата, обично во животот на жените следува период на ментална удобност. Меѓутоа, жените во овој период можат да искусат криза поврзана со страв од беспомошност и зависност од саканите. Како да се справите со ова?
Никако не ги терајте со сила вашите деца да ви посветуваат повеќе внимание. Често единствениот начин за привлекување внимание е болест, па тогаш можеме да бидеме сигурни дека нашето семејство ќе биде во близина. Треба да имате на ум дека разговорите со вашите деца и внуци ќе бидат подобри доколку ја напуштите улогата на жртва. Потрудете се да слушате без да давате совети и процени. Исто така најдете хоби кое ќе ве инспирира без разлика на годините.
Погледнете ги и овие 7 храбри жени кои во моментов го менуваат светот.