Иако тироидната жлезда е мала, таа контролира многу процеси во нашето тело. Кога не функционира правилно, може да произведе повеќе или помалку од потребните хормони. И во двата случаи, луѓето можат да забележат непријатни промени – променлива тежина, променливо расположение, проблеми со кожата, па дури и рак на дојката. Па, погледнете кои се лошите навики што можат да имаат влијание врз тироидната жлезда.rn
1. Изложени сте на премногу стрес
rn
rnrnСтресот има влијание врз сите наши системи, вклучувајќи го и ендокриниот. Доколку постојано сте напнати, тироидната жлезда почнува да лачи повеќе или помалку хормони. Доколку веќе сте имале проблеми со оваа жлезда, стресот може да води до паничен напад или долготрајно губење на меморијата. Недостатокот од спиење и стресното работно место се исто ризични фактори.rnrnБрзиот животен стил може постојано да ве прави нервозни. Па за да го намалите ризикот, спијте доволно, пешачете и вежбајте. Во некои случаи најдобро е да одите и на психијатар, којшто ќе ви помогне да се справите со стресните ситуации.rn
2. Не консумирате доволно масти
rn
rnrnКога почнувате да држите диета, треба да знаете кои продукти треба да престанете да ги јадете. Диетата со малку масти ќе ви помогне да ослабите, но многу луѓе престануваат да ги консумираат и лошите и добрите масти. Добрите масти се особено важни за мозокот и тироидната жлезда и можете да ги најдете во маслиновото масло, јајцата, млечните производи, месото и рибата. Подобро е да не се откажувате од овие продукти.rn
3. Јадете премногу продукти од соја
rn
rnrnСојата содржи многу микроелементи, витамини и може да ги замени продуктите од животинско потекло. Но не е препорачливо да консумирате премногу продукти од соја, бидејќи го забавуваат работењето на тироидната жлезда. Кога консумирате премногу соја, тироидната жлезда апсорбира помалку јод, кој е важен за нејзината правилна работа.rnrnЗа да го избегнете проблемот, намалете го количеството на продукти од соја и јадете повеќе храна со јод како зеленчук, бобинки, овошје и морски плодови.rn
4. Јадете премногу зелјест зеленчук
rn
rnrnНаучниците од Универзитетот во Орегон откриле дека сировиот зелјест зеленчук има влијание врз работата на тироидната жлезда. Не се препорачува да јадете многу зелка, репа и ротквици, особено ако имате недостаток од јод. Подобро е да одберете зеленчук како цвекло, домати и целер.rn
5. Пушење
rn
rnrnРазни истражувања покажале дека пушењето е штетно и за тироидната жлезда. Тутунот полека ја поттикнува жлездата да лачи повеќе и повеќе хормони, предизвикувајќи хипертиоридизам. Покрај тоа, чадот од цигарите содржи токсини за кои се потребни 6 дена за да излезат од телото. Во овие денови, нивото на јод во тироидната жлезда се намалува.rn
6. Консумирате премногу продукти со кофеин
rn
rnrnСосема е во ред да го започнете денот со шолја кафе, но не би требало да го пиете пречесто. Кафето и некои видови чај содржат кофеин кој го зголемува нивото на кортизол во телото. Овој стрес хормон има влијание врз тироидната жлезда и го влошува метаболизмот. Научниците сè уште дискутираат за безбедното количество кафе, кое варира од 2 до 6 шолји дневно. Имајте на ум дека и продуктите како чоколадо, Кока-кола и енергетски пијалаци содржат кофеин.rn
7. Јадете храна со висок гликемиски индекс
rn
rnrnГликемискиот индекс ги претставува јаглехидратите во храната според нивното влијание на шеќерот во крвта. Високиот гликемиски индекс значи дека процесот на разградување е премногу брз. Овде спаѓа храната како слатки, печива, тестенини и бел ориз. Оваа храна има големо количество јаглехидрати кои влијаат на апсорпцијата на јод. Па добро е да намалите со овие продукти.rn
8. Консумирате путер и маргарин
rn
rnrnЛуѓето кои сакаат путер би требало да бидат внимателни, бидејќи оваа храна има многу холестерол. Холестеролот ја нарушува рамнотежата на липидите и работата на тироидната жлезда. Сепак, не се препорачува да престанете да јадете храна со животински масти, бидејќи и путерот содржи корисни материи. Маргаринот, од друга страна, е најдобро да го избегнувате бидејќи е направен од трансмасти кои го оштетуваат ендокриниот и кардиоваскуларниот систем и водат до дебелеење.rn
9. Злоупотреба на алкохол
rn
rnrnАлкохолот може да го зголеми и намали лачењето на панкреасот. И двата случаи имаат влијание врз телото – жените се соочуваат со проблеми со менструацијата, а мажите имаат намалено либидо. Проблемите со тироидната жлезда исто така имаат негативно влијание на вегетативниот нервен систем и можат да предизвикаат тахикардија, проблеми со дигестивниот систем, променливо расположение и други непријатни проблеми. Доколку тироидната жлезда не функционира како што треба и лачи повеќе хормони, влијанието на алкохолот врз телото се зголемува.rnrnПогледнете и кои се знаците кои укажуваат на хормонална нерамнотежа.
