10 прашања на кои научниците сè уште немаат одговор
Науката постојано се развива. Нештата што пред 20 години ни изгледале нереални, денес се дел од секојдневниот живот. Сепак, постојат прашања на кои науката сè уште не може да ни даде одговор. Во продолжение погледнете некои од најинтересните.
1. Како започнал животот на Земјата?
Постојат многу теории кои се обидуваат да го одговорат ова прашање, но дури и луѓето кои имаат ист концепт за животот, не секогаш се согласуваат. На пример, луѓето кои се согласуваат за идејата за „примордијална супа“ сметаат дека самата Земја формирала комплексни молекули кои воделе до појавата на живот. Но луѓето кои веруваат во оваа теорија, немаат исто мислење за тоа каде се случиле најважните процеси – дали во вулкански кратери, под мразот или во почвата. Постојат многу мислења, но тоа само го прави одговорот покомплексен.
2. Како работи плацебо ефектот?
Плацебо ефектот е нешто што нема никакви докажани терапевтски ефекти, како на пример, водата. Феноменот настанува кога луѓето почнуваат да се чувствуваат подобро откако ќе земат плацебо лек. Постојат неколку теории за ова. Некои луѓе веруваат дека човечката свест прави нешто што го тера телото да се лекува, само затоа што пациентите веруваат дека третманот им помага. Другите сметаат дека разговорот со лекар е доволно да се чувствувате подобро. Трети се убедени дека плацебо лековите немаат никаков ефект. Како и да е, плацебото е прашање на кое немаме одговор.
3. Како компјутерите разбираат што им кажуваат луѓето?
Нашиот јазик е комплексна структура којашто зависи од многу разни фактори. Кога станува збор за вештачка интелигенција, интерпретацијата е многу важна. На пример, фразата „Изеди ја оваа чинија со супа“, луѓето би ја разбрале како сугестија да јадат супа. Чинијата, во овој случај, е количеството супа. Компјутерот ги разбира овие зборови буквално – како наредба да изеде чинија.
Денес, компјутерот не е ништо повеќе од направа која не може да го разбере контекстот исто како и луѓето. Ова значи дека во овој момент е невозможно да се направи компјутер кој 100% би го разбрал човечкиот говор.
4. Бидејќи научните теории постојано се побиваат, можно ли е всушност да не знаеме ништо?
Секое научно знаење е во фаза на подготовка. Сепак, ова не значи дека не знаеме ништо. Ова значи дека сме во процес на учење и дека некои навидум вистинити теории можат да бидат побиени. Ова е нормално бидејќи се враќаме на тоа да не знаеме ништо, но сепак учиме нешто ново. Одиме чекор подалеку кон разбирањето на суштината на нештата. На пример, авионот е резултат од разбирање на принципите на аеродинамиката. Во минатото, луѓето верувале дека тоа е невозможно. Дали некогаш ќе дознаеме сè? Науката го нема ни овој одговор.
5. Зарем не е очигледно?
Понекогаш некои нешта ви изгледаат очигледни кога знаете нешто за нив. Но запрашајте се дали ви било очигледно пред да научите за тоа нешто. Овој феномен е како ретроспективна предрасуда. Во моментот кога некој ви објаснува нешто, сфаќате дека е логично и инстинктивно верувате дека е вистина. Поради ова, имате чувство дека некои работи се очигледни и дека не можат да бидат поразлични.
Продолжува на следната страница…