8 иновативни начини на кои државите се обидуваат да го намалат отпадот
Секои 2 часа, фрламе доволно ѓубре за да го наполниме најголемиот брод за транспорт на светот. И иако сè повеќе и повеќе луѓе почнуваат да размислуваат „зелено“, сè уште треба да најдеме нови решенија за проблемот со загадувањето. За среќа, нашата фантазија нема граници, а новата технологија ни овозможува да ги реализираме нашите идеи. Погледнете ги овие креативни начини на кои државите ширум светот се борат против загадувањето.
1. Весник што можете да го засадите
Иако денес најчесто ги добиваме информациите од дигиталните медиуми, сепак секојдневно фрламе тони хартија. Со цел да го реши овој проблем, јапонскиот дизајнер Јошинака Оно измислил 100% биоразградив „зелен“ весник, во кој има семиња од растенија. Концептот го прифатил весникот Mainichi. Сè што читателите треба да направат е да го закопаат весникот и да стават малку вода. Со текот на времето, ќе се претвори во убава грмушка.
2. Награди за пластични шишиња
Денес „обратните“ автомати не се новина во зелените држави и можете да ги најдете во супермаркети во Германија, во Икеа во Велика Британија и на многу други места. Но, некои држави не застанале овде и на навистина креативен начин ги охрабруваат граѓаните да ја заштитат планетата. Во Истанбул и Пекинг биле инсталирани посебни машини кои додаваат кредити на картичките за јавен превоз. Потребно е да ставите пластично шише или алуминиумска лименка во машината и таа веднаш ќе стави кредити на вашата картичка.
3. Стари четки од маскара за бебиња животни
Доколку ви се потрошила маскарата, нема потреба да го фрлате целото пакување. Наместо тоа, исчистете ја четката со топла вода и сапун и испратете ја во центарот за спасување The New Arc во Шкотска. Во овој центар, работниците користат четки од маскара за да ги чистат малите сирачиња и да ги отстранат паразитите од нив. Четки за маскара прифаќаат и други спасувачки центри како Wildlife Aid во Велика Британија и Appalachian Wildlife Refuge во САД.
4. Продавници без амбалажи
Движењето „нула отпад“ станува навистина популарно, па поради ова се појавуваат продавници во кои можете да купувате само рефус. Со цел да се намали користењето на амбалажи кои се фрлаат, овие продавници нудат продукти во големи садови, а муштериите самите се си ставаат колку им е потребно. Доколку сакате да купите нешто од овие продавници, треба да понесете ваши кеси или садови. На крај ви ја мерат робата и плаќате. Покрај храна, овие продавници нудат и продукти како шампон, сапун, детергенти и слично.
5. Влажни марамчиња за во тоалетна школка
Мнозинството влажни марамчиња што ги сретнувате во продавниците се направени од полипопилен, односно од еден вид пластика. Иако можеби вие никогаш не би ги фрлиле во тоалетната школка, повеќето луѓе го занемаруваат ова, па одвреме-навреме канализациите се затнуваат. Влажните марамчиња на британската компанија Natracare се исклучок. Компанијата тврди дека нивните марамчиња се органски и добри за околината. Засега ова е единствениот продукт во Велика Британија со сертификат што гарантира безбедно фрлање во тоалетната школка.
6. Прибор од семки од авокадо
Кога станува збор за прибор за јадење, најдобро е да го користите истиот повеќепати. Но постојат ситуации во кои е потребен прибор за една употреба. Овде на помош доаѓаат семките од авокадо. Мексиканската компанија Biofase произведува виљушки, лажици, ножеви и сламки од биопластика направена од семки од авокадо. Оваа пластика може да се распадне за само неколку години и не ја загадува околината.
7. Собирање пластични тапи за шишиња
Во Шпанија луѓето ги собираат пластичните тапи во многу супермаркети, владини институции, други јавни места, па дури и во нивните домови. Сето ова започнало со приказната на 7-годишно девојче на кое му била потребна операција на срцето, која родителите не можеле да си ја дозволат. Една компанија која обработува пластика се согласила да им помогне доколку соберат 200 тони пластика. Па, луѓето станале креативни и почнале да ставаат контејнери за пластични тапи насекаде. Ова им помогнало да го соберат потребното количество пластика за само неколку недели. На луѓето им се допаднала оваа идеја, па продолжиле со неа.
8. Делење чаши
Повеќето луѓе уживаат во кафето, особено додека го пијат на пат кон работа. Но, дали знаевте дека чашите за една употреба зафаќаат 50% од целиот материјал собран од уличните канти? Канадската програма CUPPY има за цел да го намали ѓубрето од ваквите продукти и нуди неограничен пристап до чаши за повеќе употреби, за само 4 евра годишно. Процесот е навистина едноставен – плаќате за да станете дел од програмата, потоа правите порачка во кафетерија и ја земате чашата во вас. Сè што треба да направите откако ќе завршите со пиењето е да најдете продавница вклучена во програмата каде што ќе можете да ја вратите чашата.
Прочитајте ги и најдобрите приказни за борбата против загадувањето од минатата година.