Физичарите одредиле нова дефиниција за килограмот
Речиси 150 години официјалната тежина на килограмот е одредена со цилиндер од платина заклучен во сеф во Франција.
Килограмот, како метарот и секундата, е една од основните мерни единици, познати и како Меѓународен систем на мерни единици. Овие единици биле формализирани во 1975-та година. Тогаш се заклучило дека најдобриот начин да го одредат килограмот е да направат парче метал и да го наречат „Le Grand K“. И повеќе од цел век, сите научни скали се калибрираат според таа физичка референтна точка.
Но дури и тврдите предмети се менуваат со текот на времето. Кога ова парче метал било измерено во 1980-тите, било неколку микрограми полесно, што значи дека сите високо прецизни научни ваги мора одново да се калибрираат.
За среќа научниците веќе работеле на случајот и барале универзална константа што ќе му даде постојана вредност на килограмот и ќе биде вистинита и сега, и милиони години подоцна.
Пронајден е ваков број за средување на секундата кој бил дефиниран во 1967-ма година. Секундата била дефинирана од 1/86.400 дел од секунда, во нешто позбунувачко, но константно. Истото било направено и со метарот. Наместо да биде дефиниран како должината на парче метал направено во 1889-та година, метарот добил нова дефиниција во 1983-та година како растојанието што го минува светлината во 1/299.792.458 дел од секунда во вакуум.
Дури во 2017-та година научниците ширум светот конечно се согласиле за универзална константа за килограмот. Овој подвиг барал решавање на еден од најтешките проблеми во физиката од изминатиот век – одредување на нумеричката вредност на Планковата константа.
Физичарот Макс Планк, во 1900-та година докажал дека материјата испушта енергија во мали парчиња наречени кванти. Неговата равенка за мерење на овие парчиња енергија содржи и константа h позната како Планкова константа. Благодарение на Ајнштајн, знаеме дека енергијата и масата се математички поврзани, па физичарите сфатиле дека Планковата константа може да ја даде најточната мерка за маса.
Пресметувањето на точната вредност на Планковата константа траело со децении и барало сериозна технолошка иновација, но денес е познато дека нејзината вредност е 6,626070150 x 10-34 kg x m2/s.
Во средината на ноември, на годишниот состанок на Интернационалното биро за тежина и мерки во Версај, Франција, претставници од над 60 држави гласале за одобрување на новата дефиниција на килограмот. Повеќе нема потреба од металното парче, сега килограмот е врзан со Планковата константа. Биле најавени нови дефиниции и за амперот (електрична струја), келвинот (температура) и молот (бројот на молекули или атоми во елемент). Овие дефиниции ќе стапат на сила на 20-ти мај, 2019-та година.
Оригиналниот прототип на килограм од платина ќе остане во францускиот сеф, додека бројни генерации научници ќе ги прават нивните откритија користејќи го килограмот 2.0.