Познат психолог открива: Постојат 5 видови мајки и секоја од нив поинаку влијае на своето дете
Психологот д-р Стефан Полтер објаснува дека сите мајки можат да се сместат во само 5 категории и дека секој вид различно влијае на своето дете. Дознајте во продолжение какви мајки постојат и како секоја од нив се снаоѓа со улогата на родител.
1. Мајка перфекционист
Станува збор за мајката што сака да има контрола над сè, која се плаши од сè и е многу анксиозна. Токму затоа и нејзините деца се многу самокритични, имаат впечаток дека не се доволно вредни и најчесто се премногу емоционални.
Позитивната страна кај овие мајки е тоа што нивните деца стануваат многу одговорни, посветени на врските и луѓето лесно можат да се потпрат на нив. Ја ценат работата и многу се упорни. Лошата страна е тоа што понекогаш туѓите мислења им се поважни од сопствените и често имаат впечаток дека целиот свет ги набљудува и ги осудува.
2. Непредвидлива мајка
Анксиозна, лута и претерано емоционална, оваа мајка често е преплавена од емоциите, па затоа и нејзиното однесување кон детето зависи исклучиво од нејзиното расположение. Според психологот д-р Полтер, овие мајки се најхаотични. Тие самите создаваат проблеми, препреки и кризи во својот ум, и преку емоциите ги пренесуваат на своите деца.
Добрата страна е што децата на овие мајки стануваат многу сочувствителни кон другите. Тие исто така умеат да мотивираат, како и да овозможат емоционална поддршка. Од друга страна пак, затоа што растат покрај личност со постојани емоционални проблеми, тие понекогаш стануваат лути, анксиозни или депресивни. Рано учат како да ги „читаат“ луѓето и ситуациите.
3. Мајка најдобра пријателка
Таа ужива во тоа да ги третира своите деца како еднакви на себе, со цел да ја избегне одговорноста за поставување граници. Оваа мајка верува дека нејзиниот живот би се променил на полошо кога во целост би ги прифатила сите обврски на мајчинството, па затоа и ја избегнува таа улога. Наместо тоа, се однесува пријателски кон своето најмало.
Децата што растат покрај ваков вид мајки разбираат дека е потребно да се постават граници во сите меѓучовечки односи, а поради фактот што никогаш немале вистинска мајчинска фигура во животот, често рано учат да преземаат одговорност. Негативната страна е тоа што тие се чувствуваат занемарено и се плашат од одбивање. Може да имаат и проблеми подоцна во врските, ако се чувствуваат недоволно љубено и ценето.
4. Мајка на прво место
Д-р Полтер објаснува дека овој вид мајки е најраспространет, и тоа е загрижувачки затоа што станува збор за жени што не се способни да ги гледаат своите деца како одвоени личности, и се фокусирани само на себе. Нивните деца уште од мали сфаќаат дека нивната улога е само да ѝ помогнат на мама да „заблеска“.
Добрата страна е тоа што овие деца стануваат одлични во поддржувањето на другите, развиваат добра интуиција и ги разбираат сите видови меѓучовечки односи. Тие се многу лојални, знаат дека и другите луѓе имаат свои потреби и одлично решаваат проблеми. Лошата страна е тоа што секогаш се сомневаат во својата способност да носат одлуки и тешко им е да си веруваат затоа што се научени дека мајчиното мислење е најважно.
5. Целосна мајка
Според психологот, овие мајки се околу 10%. Станува збор за мајките што ги комбинираат најдобрите елементи од претходните четири видови. Тие се емоционално стабилни, сфаќаат дека нивното дете е посебна личност и полека му помагаат да стане независно. Секако дека ни тие не се совршени, но покрај сите останати обврски, целосно се посветени на мајчинството.
Децата на овие мајки се чувствуваат сакано и разбираат дека понекогаш мора да ризикуваат, да прифатат промени и да иницираат врски без страв од одбивање. Исто така умеат да ги ценат другите луѓе, и сфаќаат дека секој има своја сопствена перспектива. Добро се снаоѓаат со разните предизвици што излегуваат на патот до независноста и не се емоционално „испреплетени“ со мајките.
Погледнете ги и овие 5 начини на кои мажите се менуваат кога ќе станат татковци.