Приватните писма на Брус Ли објаснуваат што значи „да бидете како водата“

Приватните писма на Брус Ли објаснуваат што значи „да бидете како водата“

Во 1871-ва година во епизода од кратката серија „Лонгстрит“, Брус Ли ја даде неговата најпозната изјава за водата. Тој го сумирал концептот на Ву Веј за делување без сила, или вложувањето труд без напор.

Приватните писма на Брус Ли објаснуваат што значи „да бидете како вода“

Бидете како вода која минува низ пукнатините. Немојте да бидете наметливи, туку прилагодете се и ќе го најдете патот низ или околу. Ако ништо во вас не остане круто, надворешните нешта сами ќе се откријат. Испразнете го умот. Бидете без форма, како водаta. Ако ставите вода во шолја, таа станува шолјата. Ако ставите вода во шише, таа станува шишето. Бидете пријатели со водата.

Според авторката и блогерка Марија Попова, на овој цитат му недостига контекст и не нè информира за длабочината на мислите на Ли како и неговото патување до овој заклучок.

„Познатата изјава се потпира само на метафората и не објаснува како Ли стигнал до неа“, објаснува Марија Попова.

Пред неговата трагична смрт во 1973-та година Ли создал архива од лични писма, записи во дневник, афирмации, белешки за тренирање и пораки до себе од кои многу завршиле во неговата книга „Тао на Џит Кун До“ (The Tao of Jeet Kune Do). Поголемиот дел од овој материјал никогаш не ѝ станал достапен на јавноста, но Фондацијата Брус Ли објавила пообемнa колекција од неговите белешки во книгата „Брус Ли: Уметник на животот“ (Bruce Lee: Artist of Life).

Во 2016-та година фондацијата објави уште повеќе лични белешки на Ли и ни помогна повеќе да го разбереме неговиот карактер. Токму преку овие белешки може да се забележи како неговата животна филозофија еволуирала во „Биди како вода“.

Она што е интересно за овие белешки е што ни даваат увид во долгиот процес на будење и себереализирање на Ли – подвиг кој многумина сакаат да го започнат.

„Ли ја следи идејата која потекнува од неговата позната метафора, која се појавила по период на фрустрација поради неговата неспособност да ја совлада уметноста на одвојувањето“, вели Марија Попова.

Како е цитиран Ли во книгата „Уметник на животот“?

Кога мојата свест порасна до она што психолозите го нарекуваат двојно врзување, мојот инструктор ми пријде и ми рече: Зачувај се следејќи го природниот тек на нештата и не попречувај. Запомни дека никогаш не треба да ѝ се спротивставуваш на природата. Никогаш не биди предниот отпор на проблемите, туку контролирај ги. Не вежбај оваа недела. Оди дома и размисли за тоа.

По рефлектирањето и медитацијата од следните денови, Ли дошол до заклучок за неговата способност за совладување на уметноста на одвојувањето. Тој ја поврзал водата со влијанието на мислите и нештата што обично ни ги замаглуваат мислите и го менуваат нашиот поглед кон животот.

По многу часови медитирање и вежбање, се откажав и отидов да пловам. На морето размислував за целиот мој тренинг, се разгневив и ја удрив водата! Тогаш, во тој момент, ми дојде една мисла – зарем оваа вода не е суштината на кунг фу? Зарем оваа вода не ми го демонстрира принципот на кунг фу? Ја удрив, но таа не страдаше. Ја удрив повторно со целата моја сила, но не беше повредена! Се обидов да ја фатам, но тоа беше невозможно. Оваа вода, најмеката супстанца во светот која може да се смести и во најмалиот сад, само изгледа слабо. Во реалноста може да навлезе и во најтврдата супстанца на светот. Тоа беше тоа! Сакав да бидам како водата.

Одеднаш прелета птица и ѝ го видов одразот во водата. Тогаш ја апсорбирав лекцијата на водата и ми се откри уште едно мистично значење: Зарем не треба мислите и емоциите кои ги имам пред соперникот да поминат како одразот на птицата што лета над водата? Токму ова значи одвојувањето – не да бидете без емоции или чувства, туку да бидете без блокирани емоции. За да се контролирам себеси морам прво да се прифатам, а не да ѝ давам отпор на мојата природа.

Откако го разбрал учењето на Ву Веј и потребата да биде како вода, Брус Ли ги запишал и своите мисли за учењата на Лао Це.

Природниот феномен според кој кунг фу мастерот е најблиску до ву веј (принципот на спонтано делување водено од умот, а не од чувствата) е вода.

Ништо не е послабо од вода, но кога ќе нападне нешто тврдо или отпорно, тогаш ништо не ѝ застанува на патот и ништо нема да ѝ го промени патот. Овој извадок од Тао Те Чинг ни ја прикажува природата на водата: Таа е толку нежна, што не можете да ја фатите. Нападнете ја, но не ја боли. Прободете ја, нема да ја раните. Нема своја форма, но ја зазема формата на она што ја содржи. Кога ќе се загрее и ќе стане пареа таа е невидлива, но има доволно моќ да ја раздели земјата. Кога ќе замрзне, се кристализира во цврст камен. Прво е турбулентна како Нијагарините Водопади, а потоа е мирна како езеро, страшна како бура и освежителна како пролет. Ваков е и принципот ву веј.

Прочитајте ги и принципите на Брус Ли за зацврстување на духот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар